
31
May
Запознајте го DOMINIUM META 67m²
Dominium Meta ексклузивен стан од 67m² во нашиот нов станбено-деловен објект DOMINIUM.
Како одговор на потребите на модерниот човек, оваа станбена единица е концепирана со цел да се даде приоритет на комфорот, практичниот и функционален распоред на просториите, во комбинација со естетика која го носи духот на современото време.
Хармоничните светли тонови, со доминација на белата и суптилните златни нијанси, даваат доза на отменост во ентериерот без да му ја одземаат ширината и комфорот во просторот.

Контрастната комбинација на дрвени и мермерни декоративни елемнети, прават баланс меѓу топлината што еден дом треба да ја понуди и чувството на современ, модернистички израз.
Изобилството на дневна светлина дава дополнително чувство на спокој и пријатен амбиент во сите простории на овој дом од соништата.


DONINIUM – Еден имот, илјада соништа.
