ОДЛИЧНИ ИДЕИ ЗА МАЛИ КУЈНИ
Имате малку простор за вашите садови, никогаш доволно полици, а слободниот простор исто како да не постои.
Малите кујни се многу почеста појава во современите стамбени простори, отколку големите кујни. Повеќето станови и куќи во градот на нашите простори имаат токму мали кујни. За оние кои уживаат во готвењето, малата кујна може да биде вистински проблем. Во кујната обично има куп апарати, садови и предмети кои често ги користиме. Овие предмети најчесто завземаат огромен простор и затоа кујната би требало да е добро осмислена.
Не очајувајте ако живеете во дом со тесен и мал простор за кујната. Постојат многу начини да ја украсите и дизајнирате за да може да се претвори во простор кој вистински ќе ви биде од корист.
Многу брендови и компании денеска произведуваат уреди кои се помали од стандардните. Сега може да зачувате простор со купување на помали модели на апарати во кујната (шпорет, фрижидер, машина за садови). Искористете го тој простор за да дополните со работна површина доколку ви е неопходна.
Поставувањето на полици е секогаш добра идеја особено ако тоа се отворени полици. Тие ќе направат кујната да изгледа пространо и сите предмети на полицата да бидат достапни.
Избегнувајте во кујната да имате куп од непотребни работи. Малите простори стануваат уште помали кога ќе се постават многу предмети на мал простор. Постојат многу идеи за уредување на кујните, но едно од најважните правила е чистиот дизајн.
Погледнете ги нашите предлози и идеи кои се надеваме дека ќе ви помогнат вашата мала кујна да направите да изгледа пространа и убава.
Еве неколку одлични идеи за мали кујни кои можете ги пробате.