Идеи за уредување на вашиот прв стан
При вселувањето во првиот стан мора да се размислува креативно за да се уреди и намести што подобро. Користете разни методи за уредување и потрошете што помалку пари.
За почеток при вселувањето и местењето на вашиот прв стан, наједноставно е да земете мебел од луѓе на кои повеќе не им е потребен. Вашите родители, роднини или пријатели сигурно имаат мебел кој со задоволство би ви го отстапиле. Некои работи можете и да ги најдете во салоните со половен мебел. Вашата работа е да бидете креативни и да најдете начини да го вклопите заедно со другиот мебел со различен дизајн.
Обојте го мебелот
Првиот чекор за оваа задача е бојата. Обојте го дрвениот мебел со боја – бела, зелена, црна или некоја дрига боја која ви се допаѓа. Одберете детали во истата боја и поврзете ја со секое парче од мебелот.
Кога ќе успеете да го вклопите дрвениот мебел, следно е да набавите навлаки за тапацираниот. Ако знаете да шиете, тогаш ќе заштедите уште повеќе. Ако не, тогаш купете навлаки за стандарден мебел по прифатливи цени. За нестандардниот мебел, направете перничиња кои ќе се вклопат со дизајнот и останатиот мебел.
Доколку не ги добиете сите потребни парчиња мебел за уредување на станот, некои ќе мора да ги купите. За среќам некои работи се лесни за конструкција.
За масичките можете да набавите стакло. Големите саксии за цвеќе, цементни столбови, палети можат да бидат одлична база за масичка. Ако стаклото ви е сепак прескапо, можете да купите шперплоча и да ја обоите по желба.
Направете кауч
Ако не можете да најдете бесплатна софа, тогаш самите можете да направите кауч. Земете било каква клупа или кревет и трансформирајте ја во кауч за дневната соба со користење на перници. Можете да употребите и палети.
За време на сезоната на попусти, во продавниците можете да купите разни работи кои инаку чинат многу поскапо. Исто така, секогаш погледнете го мебелот кој е дизајниран и конструиран минатата сезона. Таквите парчиња се значително поевтини од другите.
Следејки ги овие едноставни чекори и интегрирајќи ги најомилените бои во новиот стан, ќе забележите дека сте направиле посебен стил со помош на позајмен мебел. Уживајте во амбиентот кој сами сте го декорирале.