Модерна уметност во Барселона
Овој модерен стан се наоѓа во Барселона и уредуван е во Art Nouveau стил. Американскиот пар кој е сопственик на станот, со помош на дизајнерското студио Vilablanch неодамна го реновираа овој простор кој е нивниот втор дом, создавајќи ентериер кој веднаш одзема внимание.
Ентериерот е простран, светол и многу удобен со јасни и препознатливи art nouveau елементи, стил кој е посебно популарен во периодот помеѓу 1890 – та и 1910 – та година.
Архитектите максимално го искористиле секој дел од просторот и совршено го реставрирале секое парче мебел кое припаѓа на одредена епоха, за да ги задражат оригиналните елементи и историското значење на сите предмети. Сите простории се отворени и меѓусебно поврзани, што го прави просторот осветлен и простран, па во вакво окружување се чувствува како просторот да „дише“.
Иако мала, кујната е многу функционална. Поседува елементи во бела боја, како и делови изработени од нерѓосувачки челик, а трепезаријата се наоѓа веднаш под прозорецот. Исто така, овде е поставена голема дрвена клупа, маса и неколку столчиња. Кул црните лампи со златна внатрешност, како и подот украсен со мозаични плочки, му даваат карактер на овој простор.
Дневната соба е прелиена со светлина. Пространа е и уредена во модерен и шик фазон. Боженствената голема софа, мозаичните плочки на подот, како и многубројните уметнички предмети допадливи за окото, создаваат тренди простор кој во ниеден случај не е лишен од удобност. Ќе забележите неколку тапацирани столчиња од слонова коска, стаклена масичка за кафе, како и црни лампи кои ја прават целокупната приказна во просторијата потполна.
Во овој стан исто така постои и мала домашна канцеларија, полица за книги и удобна кожна фотелја доколку е неопходнио некоја работна задача да се заврши дома.
Главната спална соба е декорирана во тонови на слонова коска и боја на праска. Неверојатно убаво изгледа комбинацијата на овие пастелни тонови. Столчињата, плакарот и античката столица за шминка кои се во боја на праска совршено се комбинираат со беж тапацираниот кревет, ѕидови и крем тонови, како и префинетите лустери кои овој простор го прават дополнително фанстастичен.