02
Dec

Луксузен ентериер во стара црква

[stm_post_info]

Некогашната православна црква во Лондон е трансформирана во луксузна станбена единица откако е целосно напуштена. Архитектонското студио Ворбилд го трансформираше овој прекрасен објект во 13 величествени апартмани, а овој е еден од нив.

Црквата се наоѓа во близина на Ридџент паркот па ова место е навистина атрактивна локација бидејќи е во близина на сите важни заменитости и го прави погледот од овој ентериер неверојатно прекрасен.

Имајќи го во предвид потеклото и историјатот на оваа зграда. Овој простор има необичен облик, тој е полукружен и има пристап до две кули. Нестандарден облик кој им задаваше главоболка на дизајнерите за време на реновирањето. Овој простор е поделен со многубројни врати и простории кои подоцна се отстранети и создаден е отворен и простран ентериер кој соджи дневна соба, кујна и трпезарија.

Откако просторот е соединет во една централна голема просторија, дизајнерите имаа прилика да ги истакнат необичните форми и заоблените ѕидови.

Уште една работа што овој објект го поседува како огромна предност. Има неверојатно високи тавани што му овозможува креирање на мезанин, па во тој простор е создадена главната спална соба. Се наоѓа на заоблена челична платформа, точно над кујната. Иако повеќето простории на спратот се мали, собата е удобна, пријатна и функционална.

Иако поседува косина на кровот на две води, има доволно простор за поставување на брачен кревет под самата косина, гардеробер со доволен простор за складирање, а на кровот се интегрирани светилници кои овозможуваат доволна светлост и атмосфера кои го прават просторот уште попријатен.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]