03
Dec

Ова се идеалните бои за секоја просторија

[stm_post_info]

Психологијата на боите е важна за уредување на ентериерот, бидејќи во тие простории поминувате време секој да. Погледнете кои се идеалните бои за секоја соба и создадете оаза за уживање во својот дом.

Дознајте кои бои на ѕидови влијаат на вашето расположение, а со самото тоа и размислување и начин на живот.

Кујна

За да создадете чувство на чистина и убавнина, во кујната треба да доминира белата боја. Таа е чиста и едноставна, а тоа допринесува до смиреност и помалку прејадување. Истражувањата покажуваат дека повеќе јадеме во неуредна кујна, а ако на тоа додадеме и многу бои, крајниот резултат ќе биде катастрофален. Додадете малку жолта, виолетова или природни кафени тонови, за малку да ја „оживеете“ белината.

Трепезарија

Во неа е важно да се создаде добро чувство, па за таа просторија се препорачуваат контрастите. Нека ѕидовите бидат во нечисто – бела нијанса, а масата и столчињата во потемна боја. Или обратно. Масата и столчињата нека бидат бели, а ѕидот во сива, светло – кафена или бордо боја. Најевтин начин да постигнете контраст е да обрнете внимание на бојата на прекривката за маса и садовите за јадење и на тој начин нема да трошите многу пари.

Соба за спиење

Тука е во прашање вашата лична оаза и затоа не мора да следите никакви правила. Одлучете што најмногу ви одговара, без разлика дали е тоа црвена, смирувачки сина, боја на лаванда или виолетова. Вметнете свои детали и не грижете се премногу. Тоа е ВАШАТА соба за спиење.

Дневна соба

Ова е место каде семејството се дружи и опушта. Затоа во него треба да доминира неутрална боја на ѕидовите, која ќе створи мирно чувство за сите. Најдобри нијанси се сивите, од нежни до темни. Друга идеална боја е темно сина и зелена. Деталите во темно – црвена, розе или жолта ќе создадат убав контраст. Опремете ја дневната соба со квалитетен и функционален мебел кој ќе го следи вашиот вкус и животен стил. Ако сакате да внесете повеќе боја во просторот, разиграјте го со перничиња, тепх, завеси и впечатливи прекривки.

Бања

Најубави се оние бањи во кои има доволно природна светлина. Но, со оглед на тоа дека денеска во новите згради, бањите најчесто немаат прозорци, боите се клучни за постигнување опуштеност. Нежните земјени тонови ќе го отворат просторот, поготово во комбинација си бели пешкити и големи огледала. Имајте на ум дека плочите со сјај дополнително го отвораат просторот за разлика од матираните.

Влијанието на боите на психата

Различните бои будат различни чувства и имаат различно влијание на телото. Телото на следниве бои реагира вака:

– Црвена, жолта и портокалова го подигаат крвниот пристисок и го забрзуваат отчукувањето на срцето.

– Сината, зелената и виолетовата го намалуваат отчукувањето на срцето, го намалуваат притисокот, го смируваат дишењето и ги прошируваат крвните садови.

– Жолтата боја го буди интелектот

– Црвената боја стимулира сензуалност

– Зелената поттикнува вербално истражување и критичко анализирање

– Сината влијае на идеализирање

– Бојата на песок поттикнува опуштање

– Нежната розева нијанса внесува топлина и поттикнува дружељубивост

– Ладната загасите зелена допринесува за самодовербата

– Светлата, нежна сина поттикнува размислување

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]