05
Dec

Украсете го дното на новогодишната елка

[stm_post_info]

Кога доаѓаат празниците, сите сме во дилема околку изборот на нашата елка, какви украси да креираме и за кој стил е најдобро да се определиме овојпат…

Но, повеќето луѓе најчесто забораваат дека декорирањето на базата на елката е исто така неопходна и дека овој декор мора да биде во одговарачки стил и боја со целокупната декорација.

Ајде да разгледаме некои од најкреативните идеи за прекривање на базата на новогодишната елка, за да ја направиме уште помагична.

 

Корпи

Корпите се еден од најпопуларните начини за декорирање на новогодишното дрво поради причината шт донесуваат шик и удобен рустичен допир на било кој простор и изгледаат потполно природно во исто време. Исто така тие одлично се вклопуваат со поголемиот дел од ентериерот и етиловите за декорација. Вашата елка може да биде декорирана со различни украси, венци или едноставно можете да поставите сијалички со многу малку или без декор, бидејќи со корпата, елката во секој случај ќе изгледа совршено.

Сандаци

Сандакот е уште еден одличен начин да ја прекриете базата на елката. Тој ќе го донесе индустрискиот рустичен допир на вашето дрво и неговиот декор. Искористете било каков транспортен или амбалажен сандак кој ќе бидете во можност да го набавите и доработете го за да одговара со вашата елка. Исто така можете и само едноставно да го избелите за да го направите поделикатен.

Гајби и најразлични садови

Ако сакате вашата елка да биде потполно рустична, употребете емајлирани садови. Изберете го одговарачкото парче кое се вклопува со вашата елка и поставете ја внатре, додадете неколку шишарки и ќе добиете дрво кое изгледа како да се го донеле од шумата. Притоа, шишарките можете да ги претворите во освежувачи на воздух во вашиот дом, па и нивниот мирис ќе допринесе за празничната атмосфера.

Ткаенина

Текстилните материјали на дното на новогодишната елка никогаш нема да излезат од мода. Тие изгледаат преубаво, а сè што треба да направите е да го изберете „здолништето“ кое ви се допаѓа според изгледот на вашата елка. Можете да земете дебело плетено ќебе или некое вештачко бело крзо и да ја прекриете базата за нивниот материјал да може да биде имитација на снег.

Останати идеи

Доколку не сакате нешто стандардно, креирајте целосна сценографија под вашето дрво, а вашите деца овој дизајн сигурно ќе го обожаваат. Поставете ја елката во жардињера или посадете го во кутија за подароци. Ова воопшто не барам многу време, додека изгледот кој ќе го добиете ќе биде волшебен.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]