Летечки тепих во вашата дневна соба
Светот веќе ги виде столчињата од таканаречените летечки теписи, но моделот кој e претставен оваа година ги надминува во секој поглед.
Ова столче настанало како дело на новиот бред од Кипар „Маусарис“, во соработка со уметникот Јан Блит. Направена е од вистински персиски килим, а се користат засилувачи кои и помагаат грациозно да лебди над земјата.
Нејзиниот елегантен изглед е префинето дизајниран и не жртвува ни грам стил поради концептуалниот впечаток. Тоа може да биде прилагодено за вашиот ентериер со помош на различните палети на бои и дезени, кои совршено би се вклопиле со вашиот декор.
Дизајнерот Стелиос Маусарис се најде на насловните на бројните списанија кои се занимаваат со уредување поради изведување на ова фантастично концептуално парче.