Спектакуларни стаклени скулптури
Се прашувате ли дали е возможно да се соедини страста кон уметноста, науката и природата? Доколку сеуште немате одговор на тоа прашање, креацијата на дизајнерката Емили Вилијамс сведочи за оваа интересна синергија.
Емили креира деликатно скулптури како медузи, морска трева или корали. Изложени под светлина, кршливите пипци и фрактури од стакло изгледаат како вени, делуваат многу вистинито!
Неверојатно е да се гледа креативната скулпторка како формира облици кои како да оживуваат под нејзините раце. Користи разновидни материјали како метал и стакло, заварување и лиење, како и многу други методи. За да го постигне овој концепт за што пократок временски рок, неопходно е да се делува брзо и за тоа се користи посебен рачен греач за да го стопи и обликува стаклото.
Самата дизајнерка вели дека на нејзината кариера на уметник многу зависела и е последица на нејзиното растење. Уште како дете го посматрала нејзиниот татко, кој инаку е лекар, но се занимавал и со сликарство, склптури и дизајн, додека за љубовта кон природата влијаеле честите излети со баба ѝ и дедо ѝ.
Како последица на сето тоа, таа прераснала во уникатен уметник.
Со години работела на фигурите кои се последица на нејзиното интересирање за човековата анатаомија и нервниот систем, што е директна врска со професијата на татко ѝ. Така е родена идејата за леење на стаклени скулптури под влијание на оган.
Всушност, дури пред три години започнала со оваа техника на леење на фигури, а името на нејзината прва фигура било Spun Head. Успеала фа креира глава од 3 милиметарски тенки стаклени нишки. Претходно морала да направи 3Д цртеж на самата глава.
Во галеријата можете да ги погледнете спектакуларните фигури на морска трева, медузи, стаклени ливчиња, стаклено гнездо, како и начинот на кој креира дизајнерката.