06
Dec

Луксузни станови во некогашното седиште на Титаник

[stm_post_info]

Иако на вестите можеме да слушнеме дека пазарот со невижнини во Лондон доживува пад, еден развоен проект се бори против тоа…

Смелата компанија „Oceanic Developments“, го претставила својот мега проект кој ќе го ре – дизајнира историското седиште на Титаник и ќе го претвори во луксузни и префинети станови. Овој развоен план ќе понуди седум врвни стамбени единици, вклучувајќи го и четворособниот пентхаус, кој е осмислен така да има поглед кон познатиот Трафалгар Сквер.

Секој од становите ќе има мермерна бања, луксузни лустери, паркети од даб, заоблени плафони, Poggenpohl кујна и уметнички дела. Иако ќе има доста промени во целокупната декорација, влезот во зградата и некогашната билетара ќе останат недопрени.

Двособниот дом во оваа луксузна шема на станови би ве чинело 25 милиони долари, а тоа воедно ќе биде и една од евтините понуди, додека полуксузните опции ќе достигнат цена и до 100 милиони долари. Покрај фактот дека овој проект ќе биде изграден во седиштето на Титаник, купците исто така ќе можат да уживаат и во бројните погодности вклучувајќи и дваесетичетиричасовна услуга од консиерж.

Инаку, самата градба во која ќе се наоѓа овој проект била дом на банката „Баркли“, Министерството за одбрана и Амбасадата на Тексас, била ресторан и промотивен центар. После несреќната сага за Титаник, секое наследство на овој брод се продава по многу високи цени. Со самото тоа, становите изградени во овој простор сигурно би биле полн погодок.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]