07
Dec

ТРЕНД: Луксузен празничен декор во темни бои

[stm_post_info]

Празничниот стилски декор стана многу популарен тренд. Ваков декор се користи насекаде, како и во посебни пригоди како што се венчавки, така и на прославите од најразличен вид. Овој текст е посветен токму на овој тренд, но во служба на празничниот декор, кој дефинитивно не е традиционален, изгледа потполно рзлично, стилски и восхитувачки.

Темни прекривки за маса

Поставете префинета темна маса во црна, јаглен – сива, морско сина и останати слични бои. Црни чаршафи, темна палета боја на чаши, црни свеќи и златни свеќници, совршено би оделе со зимзелените дрвца кои ја претставуваат централната точка на масата и ја прават преубава и софистицирана.

Рустична маса со темни палети на бои и сиви ткаенини, изгледа удобно и уникатно, а сè што е потребни е да додадете топчести плодови и зимзелени билки како украс или централна точка на декорот. За да се одржи декорот темен, не поставувајте светли предмети на масата и препорачливо е секој украс да биде матиран, тмурен или смирувачки.

Останати идеи за декорација

Темно сива, темно зелена и црната боја се најдобри за декор од овој вид. Декорирајте ги своите темни скали со ретро орнаменти, топчиња и лисја. Металик декорот и орнаментите се она што ви е потребно за да го осветлите ентериерот поради тоа што тие не изгледаат премногу блескаво во темни простории и овозможуваат доволно контраст, додека за декорирање на новогодишната елка најдобро е да користите метални украси и оние во боја на килибар.

Во случај да сакате да постигнете по – софистициран декор, определете се за темна виолетова и златна боја. Ако сакате нешто повеќе од индустриски изглед изберете бетонски детали, сиви ткаенини и мат златни или сребрени свеќници, „shabby chic“ предмети и зимзелени билки. Свеќите и осветлувањето се неопходен дел, посебно во темните ентериери од причина што тие во друг случај би изгледале досадно и мистериозно.

Храна и слатки

Храната е неизоставен дел од секој празник, без разлика дали се работи за Нова Година или Божиќ. Иако овој стил не е толку близок на нашите традиционални вредности, сепак е далеку поблизок од регуларните теми за декор на западниот свет. Затоа, ако сакате да ја испробате оваа неверојатно стилска варијанта на празничен декор, мора да размислувате и за храната која исто така би требала да биде во темни нијанси, за да може да одговара на декорот и за вашите гости да бидат уште повеќе импресионирани со целата тема која на овој начин е потполна.

Тортите и колачите кои традиционално ги подготвате можете да ги комбинирате во чоколадни варијанти и да им додадете кандирано овошје. Послужете чоколадни колачи, прелијте го овошјето со чоколада, а можете да додадете и морска сол за префинет изглед и вкус.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]
[stm_post_info]

ОВДЕ ВНЕСИ ТЕКСТ

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]