07
Dec

Седум трикови за дом без стрес

[stm_post_info]

Иако просториите  уредени во „shabby chic“ или „vintage“ стил поседуваат единствен шарм, постои нешто во чистите линии и отворениот, светол простор што делува смирувачки на нас.

Уредувањето на просторот во „зен стил“ подразбира чисти линии и минимална количина на мебел, со цел да го „отвори“ просторот и да ни овозможи да се релаксираме. Со расчистувањето на просторот и користење на природни материјали и „меко“ осветлување можете да го претворите својот дом во оаза на мирот. Затоа, додека го уредувате домот имајте ја на ум и старата изрека – хаос во собата, хаос во главата.

  1. Минималистичко уредување

Ако го уредите минималистички својот дом и го чивате уреден, ќе создадете пријатна и смирувачка атмосфера која нема да предизвикува стрес.

  1. Светол ентериер

Ентериерот во бела боја ќе го претвори било кој дом во засолниште од надворешниот свет и ќе го направи визуелно пријатен, дури и ако се работи за мала просторија. Погледнете како белата боја игра важна улога при уредувањето на малите станови.

  1. Земјени тонови

Со употреба на кафени, беж и портокалови тонови и природни материјали ќе направите вашиот дом да делува неутрално и во допир со природата.

  1. Билки во домот

Неизоставен елемент на секој „зен дом’ се природните билки бидејќи познато е дека го прочистуваат воздухот, го намалуваат стресот и го зголемуваат еланот.

  1. Ред во куќата

Трудете се да ги одржувате пултовите и полиците уредни дури и во бањата, а ситниците кои не се користат секојдневно тргнете ги настрана.

  1. Зен градина

Уредување на песокот во минијатурни пејсажни градини смирува и опушта, додека истовремено ја поттикнува фантазијата и креативноста.

  1. Природни материјали

Употребата на природни материјали ќе го направи домот пријатен, а можете и да ги внесете во постоечкиот простор и без реновирање.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]