Кујна во викторијански стил
Оваа шик кујна е дизајнирана во викторијански стил од страна на компанијата deVOL.
Традиционалната кујна поседува подови и таван изработени од светли дрвени даски за по – рустичен изглед, додека бојата на кујнските елементи и ѕидови се во зелена боја за да може да се постигне хармоничен изглед.
Моделот на оваа кујна е „Shaker“ и таа претставува мебел кој е изворно инспириран од Shaker стилот кој е типичен за Амишите. Овој мебел е неверојатно издржлив, го карактеризираат рамни линии, функционалност и одсуство на користење на механизација.
Вратата и касите се направени од цврст и тврд австралиски тулип, додека кујнските кабинети се изработени од високо квалитетна брезова иверица, која е исклучително силем материјал отпорен на вода, идеален за кујни во современите домаќинства.
Завршниот премаз на боја е рачно нанесен, па кујната има уникатен изглед кој гарантира стилска уникатност. Работните површини се прекриени со мермер, додека осветлувањето е во индустриски стил.
За атмосферата која директно не враќа во периодот на викторијанска Англија, тука е антиквитетниот креденец, како и „vintage“ софата.