09
Dec

10 паметни начини за уредување на мала трепезарија

[stm_post_info]

Со оглед на тоа дека димензиите и формите на просториите во становите се разликуваат, кон уредувањето треба да се пристапи внимателно. Од друга страна, многу е важно станот да ги задоволува потребите на станарите, односно да ги содржи сите порстории за удобен и функционален живот.

Трепезаријата е секако еден од важните делови на секој дом. Меѓутоа, многу често постои проблем да се вклопат големините и дизајните на трепезариската маса и столчиња со останатиот дел од просторот. Затоа треба да направите добра рамнотежа со големината на мебелот во станот. За трепезарискиот мебел најдобро е да се избере оној кој не е гломазен. Тој треба да одговара на просторот за кој е наменет и да не го попречува распоредот и функционалноста на другите елементи во станот.

Трепезариската маса би требало да биде и со одговарачка форма. Малата трепезарија одлично би изгледала ако изберете кружна маса, иако и малите павоаголни маси можат убаво да се вклопат, а посебно се функционални оние кои имаат можност за проширување. Избегнувајте ги столиците со наслони за раце, бидејќи изгледаат гломазно и завземаат повеќе простор. Дизнајнот на потесните Користете транспарентни материјали за уредување на трепезаријата, како што е стаклото или акрил. Комбинацијата со огледала исто така дава впечаток на пространост.

Посветлите и неутрални бои чинат трепезаријата да изгледа поголема и пространа, додека темните бои можат визуелно да го намалат просторот. Можете да си играте со боите, да правите комбинации со неуртални и силни бои, но се со мера, за да не изгледа пренатрупано. Ако вашата мала трепезарија е покрај прозорец, тогаш најдобро е да ги избегнете завесите бидејќи просторот ќе го направат тесен.

Кога бирате декорација за уредување на трепезариски простор кој е мал, нека биде едноставна, без елементи кои визуелно ќе отскокнуваат од целиот концепт.

Во секој случај, рамнотежата и бојата на елементите се најважни во уредувањето на мали трепезарии бидејќи тоа ќе биде место во кое ќе поминувате убави и незаборавни моменти со семејството и пријателите.

Еве неколку конкретни идеи:

ИСКОМБИНИРАЈТЕ КРУЖНА МАСА СО КЛУПА

МАСА И СТОЛЧИЊА НА ПРЕКЛОП

ПОСТАВЕТЕ ЈА МАСАТА ДО ЅИДОТ

НАМЕСТО ШКАФЧИЊА, ОДБЕРЕТЕ ПОЛИЦИ

НАПРАВЕТЕ ПОЛИЦИ И КЛУПА ВО ЕДНО

ОДБЕРЕТЕ МЕБЕЛ СО ДВОЈНА НАМЕНА

ПОСТАВЕТЕ КЛУПА НАМЕСТО СТОЛЧИЊА

ОГЛЕДАЛОТО ГО ПРАВИ ПРОСТОРОТ ПОГОЛЕМ

САДОВИТЕ ИЗЛОЖЕНИ НА ПОЛИЦИТЕ БИ ТРЕБАЛО ДА БИДАТ ВО ИСТА БОЈА

НАПРАВЕТЕ ДВЕ КЛУПИ

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]