Луксузен рај за сите хедонисти
Денеска велнесот стана начин на живот, бидејќи забрзаното темпо и стресната секојдневница ја бараат потребата за човекот дополнително да се релаксира, опушти и ужива во сите волшепства на еден СПА центар…
Не чуди фактот дека во последните години користењето на велнес и СПА центри е во пораст, бидејќи старите Римјани, Грци и Турци уживале во благодетите на капењето во термалните води. Затоа овие бањи ги надминуваат СПА центрите, бидејќи тие не биле само простор за хигиена, туку биле и центар на јавниот живот и секојдневни ритуали.
Во мај оваа година, во Белград е отворен „Caesar SPA Club“, кој го создава рајот за сите љубители на релаксирачките уживања. Името „Caesar“ (Цезар) не е случајно, бидејќи штом влезете во овој простор ќе помислите дека се наоѓате во некоја римска бања која со амбиент и декорација потсетува на простор од минати времиња. Просторот е со античка декорација, опремен со најсовремена содржина која е наменета за модерните мажи и жени.
Ентериерот во оазата „Caesar SPA“ е раскошно опремен со детали, како мермерни облоги, скулптури и слики кои потсетуваат на римските термални бањи и додека уживате, вие сте транспортирани во некое дамнешно време.
На располагање ви се џакузи, турска бања, финска сауна, тропски дожд, како и релакс масажа, мала теретана или престој во „Caesar Vip“ апартманот, кој дава луксуз и елеганција.
Доволни се десет минути да поминете во турската бања или сауна и ќе се чувствувате како повторно да сте се родиле. Освен што ќе ги исфрлите токсините, ќе го засилите и вашиот имунитет и ќе се ослободите од масните наслаги. На високи температури се засилува и циркулацијата на целиот организам и ќе ја исчистите вашата кожа, а најважно од се е тоа дека ќе се ослободите од стресот и напнатоста. По користењето на сауната и турската бања се препорачува туширање со ладна вода и одмор на телото во лежечка положба. Релаксацијата овде е на највисоко ниво и постои посебна просторија за опуштање по третманот, „Relax room“.
За да го заокружите вашето задоволство во овој простор, кој е рај за душата и телото, постои и посебен простор наменет за одмор со бар, кетеринг и музика по ваш избор.
Веќе по првата посета ќе разберете зошто ваквите места се врвно засолниште за сите хедонисти и ќе посакате да се вратите и повторно за да го доживеете ова неверојатно искуство.