12
Dec

Модерни ламби од природна свила

[stm_post_info]

Во светот на модерното осветлување студиото „Aqua Creations“со седиште во Тел Авив веќе со години е синоним  за прекрасен спој на квалитет, естетика и ѕидна уметност, а зошто е тоа така, најдобро сведочи колекцијата „Мино“ која покажува нова перспектива и став кон внатрешното осветлување.

Ова осветлување се работи рачно, а секое парче од колекцијата на ламби „Мино“ одделно се прави со користење на најнова технологија за светлина, но и висококвалитетна природна свила, махагони и детали од даб или пак од дабово дрво со махагони детали.

Дизајнот на овие ламби овозможува вклопување во внатрешноста на секој современ дом, а модерните светилки се совршен додаток за канцеларии, ходници, јавни површини, хотели, барови или кафе барови.

Разновидноста на бојата и големината овозможува разни комбинации и композиции на осветлување, а секое парче дава иста количина на светлина и покрај својата големина. Без разлика дали се користат како одделни елементи или во група, имате единствен Wall Art акцент во вашиот ентериер на кој ќе ви позавидат и најдобрите дизајнери.

Во фото – галеријата која следи можете да ја видите целата убавина и шарм на овие ламби и да се уверите зошто никого не оставаат рамнодушен.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]