22
Dec

Креирање кралски ентериер на модерен начин

[stm_post_info]

Сонот за поседување на стара куќа од австроунгарскиот период ретко кој го остварува. Сепак во својот модерен дом секогаш можете да внесете доза на стил од кралскиот период.

Погледнете иновативни начини кои не бараат реновирање, но сепак носат носталгична привлечност за периодот кога кралевите живееле на овие подрачја.

Сè за комбинирање на модерниот и кралскиот стил

Некои можат да речат дека изгледа еклектично, а всушност тој спој се нарекува модерно – викторијански, односно кралски. Повеќето луѓе кои поседуваат куќа од австроунгарскиот, викторијанскиот или некој сличен на нив модерен дом, посакуваат кралску квалитет и карактер, па им се чини дека е тешко да се дојде до тоа во денешно време.

Создавање на модерен кралски ентериер може да се постигне со тоа што внимателно би ги споиле овие два стила. Акцент на зборовите „внимателно“. Сигурно не посакувате неуреден спој на два стила кои ќе направат вашиот дом да изгледа како да се одликува со куп стари и обични работи од вашата баба, измешан со модерен мебел.

Ајде да погледнеме примери на совршен спој на модерниот и ентериерот од кралскиот период:

  1. Направете пар од стара дрвена маса со ултра – модерни столчиња. Столчињата нека бидат од пластика или челик.
  2. Претапацирајте ја старата софа во викторијански стил со модерна ткаенина. Можете да претапацирате и модерно столче со ткаенина карактеристична за кралскиот период, како дамаст.
  1. Реставрирајте ја старата трепезариска маса од вашата баба така што на тапацираните столчиња ќе ставите ткаенина со силен принт.
  2. Обојте го стариот плакар со елегантна црна или чисто бела боја.
  3. Овој совршен спој на два стила вели: „Јас сакам модерен дизајн, но исто така ги сакам и квалитетите на викторијанскиот антиквитет“.

Додадете елементи од рачна изработка во вашиот дом

Викторијанците биле вљубеници на резбарено дрво. Сакале мебелот да биде изработен од махагони, орев и даб. Сè е рачно изработено, рачно изрезбарено и добро направено.

Ништо не било евтино, што значи сопствениците на овие домови сакале да го покажат своето богатство и квалитет.

 

Идеи за тоа како да го дополните домот со рачни изработки:

  1. Поставете резбарено дрво насекаде низ куќата. Не само мебел, туку и огледало, рамки, лампи…
  2. Купете мебел со висок квалитет бидејќи оној евтиниот може да ја наруши естетиката во вашиот дом…
  3. Направете камин кој потсетува на кралски стил.
  4. Зачувајте ја старата архитектура и реставрирајте ја. Стари прозорци, летви, врати… Сето тоа можете да го најдете во онлајн продавнците.
  5. Додадете мермер. Не е важно дали ќе најдете фантастичен стол со мермерна плоча или добро исклесан мермерен кип. Со додавање на овие детали ќе промовирате квалитетна естетика на викторијански, односно кралски дом.

Креирајте тематски соби со многу бои

Оние кои живееле во кралскиот период не се плашеле од боите. Не постоеле бели ѕидови во тој период на раскош и декаденција. Богатите нијанси од зелена, златна, смеѓа, црвена и сина биле многу популарни.

Неколку начини за додавање  на бои во било кој стил на куќа.

  1. Доколку имате модерен, отворен простор во вашата куќа, размислете да ги бојадисате одредените ѕидови со боја која ќе ви даде кралска драма во вашиот ентериер.
  2. Доколку живеете во австро-унгарска куќа, искористете ги малите соби и бојадисајте ги во сосема друга боја.
  3. Доколки сакате да го модернизирате вашиот дом од австро – унгарскиот период, тогаш обојте го во топла, бела нијанса. Секогаш можете да додадете малку детали од кралскиот период.
  1. Доколку темните бои ве плашат. Тогаш додадете ги во деталите – завесите, текстилот, а темните ѕидови бојадисајте ги со крем боја.

Не заборавајте на деталите

Кралскиот период е познат по декоративните детали. Домолите биле преполни со цветен мебел, текстил, слики …..

Доколку го уредувате вашиот дом, подовите можете да ги прекриете со слоеви од персиски теписи. Ѕидовите украсете ги со слики кои се направени во стил „масло на платно“, а на прозорците ставете завеси од раскошна свила.

Но, вие сеуште ја сакате вашата модерна вибрација, зар не? Модерните ентериери се сосема спротивно – рамни линии, сведен дизајн. Како можете да го извлечете најдобро од двата дизајна?

Еве неколку начини како овој раскошен древен стил да се претопи со модерниот:

  1. Слободно додадете модерни детали во вашиот дом, но бидете малку трпеливи отколку луѓето што биле во кралското доба. Вашиот модерен декор би требало да биде таков за да во својата дневна соба се чувствувате удобно. Не е потребно вашите соба да биде украсена од под до таван како во кралскиот период.

Создадете романтична атмосфера така што ќе додадете свежо цвеќе или цветни перничиња. Таквите перничиња во модерната столица може да дадат кралско чувство.

  1. Додадете завеси од подот до таванот модерен пример.
  2. Поврзете ги модерните плочки со персиски тепих.
  3. Изложете ја својата колекција од стар порцелан во елегантните и модерни комоди.

Како што гледате, создавањето на современ ентериер со нота на викторијански, односно ентериер од кралскиот период, може да биде тешко. Потребно е да имате остро око за спојување на овие два стила. Треба да постигнете резултат каков е прикажан на фотографиите. Делува како сложувалка, која ако не ја комбинирате како што треба, изгледа многу хаотично.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]