Роберто Кавали – Егзотична Хоум колекција
На овогодинешниот саем во Париз „Maison & Objet“ Роберто Кавали ќе ја претстави својата нова колекција за ентериер…
Тие ја освежија својата хоум линија со нијанси, текстури и завршни детали, кои лесно ќе ве остават без здив. На пример, во дневната соба ќе може да ги видите нивните новитети од „Fabrics Collection“, вклучувајќи седум дизајни во пет различни бои, кои ќе бидат претставени на софи, фотељи, навлаки за перници и завеси, во спектар од живи бои и преубави дезени.
Лежерната и истовремено шик софа Балтимор заслужува посебно внимание, а претставена е во две верзии – сосем црна, изработени од кожа и со печатени дезени.
На софите им се придружија прекрасните фотељи Девис, со шарен мотив од палмини листови и новата Шарлиз со печатена свила. Истотака, тука се и двете Меклејн фотељи, со својот стил од средината на дваесетиот век со розеникав кадифен изглед.
Егзотичната тема на Роберто Кавали колекцијата за ентериер е претставена и на Хулија завесите кои се изработени од свиленкаст сатен, додека подовите се декорирани со нови килими од оваа линија, изработени од рачно обработена волна и свила.
Истотака, комодата со фиоки во комбинација со прекраскиот лустер кои се дело на брендот „La Murrina“ привлекуваат огромно внимание. Фантастично зар не?