Трендови за уредување на ентериери во 2017 година
Доколку планирате да го уредите или преуредите својот дом, ви нудиме неколку предлози кои би можеле да ви бидат од корист – поготово доколку сакате да бидете во тек со трендовите.
Морнарско – сина боја
Оваа боја би можела да го модернизира и освежи оној ентериер кој делува помалку уморно. Вклопете ја темно – сината боја во својот простор со перничиња или навлаки за мебел, или пак отидете еден чекор подалеку и обојте еден цел ѕид во собата.
Дрвени колиби и рустикално уредување
Удобност и топлина со која зрачи просторот уреден со дрво, плетива, меки ткаенини и традиционални детали кои потсетуваат на некои минати времиња кои нема да ве остават рамнодушни.
Подно греење
Станува збор за се популарниот начин за штедење енергија и оджување на пријатна температура во домовите ширум светот. Подното греење ќе ви помогне стапалата секогаш да ви бидат топли, а напредокот на технологијата оди кон тоа целата просторија да може да се загрее со помалку енергија од онаа која ја троши класичниот начин на греење.
Обложување на големи површини на ѕидови со дрвени даски
Дрвото е моментално најбараниот декоративен детал во ентериерот. Повторно искористените даски даваат посебен, помалку рустикален изглед на просторијата и повеќе не се „резервирани“ само за дневни соби и собите за спиење. Дури и тоалетите и кујните со овој третман изгледаат одлично.
Бакар и цвеќиња ползавци
Металните детали веќе некое време се исклучително популарен додаток во уредувањето, а бакарот оваа година ќе завземе посебно место во ентериерите. Исто така, се повеќе ќе се бараат цвеќиња и билки ползавци кои со своето зеленило веднаш ќе го претворат станот во модерна оаза идеална за бегство од градскиот асфалт.
Ноќни ормарчиња
Повторно добиваат на важност во процесот на уредување на собата за спиење, а посебно се истакнуваат едноставни и модерни примероци кои со своите јасни линии сами по себе функционираат како украс.
Вклопување на елегантниот изглед на мермерот во ентериерот
Имитација на убави мермерни примероци во облик на тапети во денешно време може да се нарача преку интернет и брзо и лесно да се вметнат во било кој дел од станот.