14
Feb

Шарен стан инспириран од модата

[stm_post_info]

За млада сопственичка на стан, француска модна дизајнерка, компанијата Waterform Design креирала префинет стан инспириран од модата.

Овој стан со живописни шаблони на бои кои неприметно се преливаат еден во друг, има отворен план на просторот со бројни детали кои го поврзуваат со светот на модата и модниот дизајн – од плетени жици во елегантна стаклена полица за книги, до проѕирно светкави текстури на сини полици кои претставуваат имитација на материјали и текстил. Станот на оваа млада дама е исполнет со суптилни детали, кои секогаш ќе ве хипнотизираат со својата позиција и изглед и нивниот удел во целокупниот ентериер, иако можат да бидат многу ситни и неприметни на прв поглед.

Во станот на оваа модна дизајнерка, веднаш до кујната и трепезарискиот простор се наоѓа работна соба која е карактеристична со топли портокалови тонови од подот па се до таванот. На нејзината работна соба се наоѓа минималистичка лампа која ја дизајнирал Мајкл Анастасиадес за брендот FLOS.

Горните шкавчиња во кујната се претставени со богати златни нијанси, а се избалансирани со долните елементи во црна боја и текстурни бели плочки кои се совршен додаток во овој простор. Уникатната база на трепезариската маса потсетува на машина за шиење.

Во овој стан, телевизорот е сместен во стаклена витрина која го затвора погледот сè додека не дојде време за гледање. Геометрискиот дизајн на вратите не потсетува на линии на кроевите кои можеме да ги видиме на бројните модни дезени.

Иако наизглед минималистички или можеби дури и нескладен, овој стан во секој свој агол нуди референца на модата која на прв поглед само професионални и вешто око може да ја препознае.

Оние кои не се разбираат во мода, секојпат ќе забележат нешто друго и ќе бидат воодушевени од концептот кој уште еден мал детал може да го креира во голем простор.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]