Најскапите домови во светот
Еден од елементите кој може да укаже на богатството на луѓето во светот, можеби повеќе од било што друго, е местото каде што една личност живее. Генералното правило гласи – колку повеќе вили, толку подебел паричник. Сопствениците на овие вили се едни од најбогатите луѓе на светот, на кои паметот, способноста и упорноста им донеле повеќе пари отколку што ние можеме да си замислиме. За нив, вила од милион долоари е нешто што и не е толку екстравагантно.
Сепак, понекогаш луѓето кои имаат многу пари немаат вкус, како на пример фактот дека некои од овие куќи се декорирани со злато до изнемоштеност.
Од друга страна, тука се и такви декорации кои се вистински ремек дела, односно кои претставуваат мала вселена во која сопствениците можат да уживаат на најдобар можен начин.
Овој пат ви претставуваме 15 најскапи домови на светот, од најевтин до најскап.
- Стан на поткровје во Central Park West – 45 милиони долари
Луѓето зградата во која се наоѓа овој стан ја нарекуват „Исус од камења“, бидејќи во неа живеат најмоќните и најбогатите станари на Њујорк. Даниел Лоеб, многу богат шеф на еден фонд, купил стан на највисокиот кат на оваа зграда во 2008 – та година, пред почетокот на рецесијата. За време на кризата, цената на недвижнини насекаде во светот паѓала, па тоа било совршено време за да се купи нов дом или да се направи потенцијална инвестиција. Токму поради таа причина Лоеб го купил тој стан, за подоцна да се обиде да го продаде по три пати повисока цена.
- Maison de l’Amitie – 95 милиони долари
Оваа вила, сместена на Флорида, припаѓа на Доналд Трамп, а тој ја купи во 2008 – та година. Со оглед на тоа дека тој победи на изборите за претседател, тој мора да ја напушти оваа вила и да живее во многу по – скромната Бела Куќа. Неговата луксузна куќа има околку 6000 м2 елеганција, дијаманти и злато, како и гаража со 50 автомобили.
- Ранч „Шекспир“ Гланбрук, Невада – 98 милиони долари
Кога некој ќе помисли на „скапоцен имот“ во главата не му е слика од земја под ведро небо. Ако помисливте дека овде може дакупите имот по мала цена, сте се излажале. Ранчот „Шекспир“ во Невада ќе ве чини 98 милиони долари. Со 133 хектари на брегот, кабина за гости, визба, затворен базен во одвоена зграда, огромно пристаниште јасно ни е зошто чини толку пари.
- Fleur de Lys Mansion – 102 милиони долари
Оваа вила која во март, 2014 година е продадена по цена од 102 милиони долари, претставува најскапата вила во Лос Анџелес. Анонимниот купувач ја платил целосната сума во готово и побарал да остане анонимен. Постојат гласини, но никој не е 100% сигурен кој бил купувачот. Воглавно, вилата која ја купил овој анонимен човек има 12 соби за спиење, 15 тоалети и креирана е по изгледот на францускиот замок Vaux le Vicomte. Во неа има огромен вински подрум, библиотека на два ката и пространа балска сала.
- Xanadu 2.0 – 123 милиони долари
Би помислиле дека најбогатиот човек живее во малку помоќна вила од оваа, зар не? Епа изгледа дека Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се повеќе великодушни отколку себично богати. Тие живеат во вила во Медина, а таа е декорирана само со нивните омилени декорации и уметнички дела. Она што посебно ја краси е подводниот музички систем во базенот.
- Beverly House – 135 милиони долари
Ова е вила која е многу позната помеѓу богатите луѓе. Членовите на семејството Кенеди, Ријана и Принцот од Монако биле гости во оваа вила. Таа има 30 соби за спиење и се наоѓа на мала оддалеченост од познатиот Сансет Булевар. Доколку би била продадена, сигуно ќе ја замени Fleur de Lys како најскапа вила во Лос Анџелес. Нејзиниот сегашен сопственик, Леонард Рос ја купил во 1976 година, кога имал 31 година и вели дека заинтересираните купувачи ги води низ вилата многу често и дека обиколката трае околу два часа. Доколку погледнете како изгледа дворот на оваа вила, со столбови и жива ограда, базенот кој е како фонтана, нема да ви биде толку тешко да се решите за купување.
- Shepard Krech House – 140 милиони долари
Од 27 јули, 2016 година овој имот е најскапиот имот за продажба во цела Америка. Се наоѓа во East Hampton и зафаќа површина од околу 11.2 хектари. Самата вила има околу 1.030 м2, односно десет соби за спиење, четири камини, простор за вежбање, уметнички галерии и гостинска вила.
Всушност, доколку можете да си ја дозволите оваа вила, тогаш можете да си дозволите себеси целиот живот да го поминете во неа и да не ви биде воопшто досадно, бидејќи таа е еден мал град. Сè што ви е потребно се пријатели со кои ќе се забавувате.
- Spelling Manor – 150 милиони долари
Секој од нас се сеќава на Арон Спелинг, еден од најуспешните ТВ гении на сите времиња. Тој бил извршен продуцент на серијата Беверли Хилс, 90210, Summerland, Wanter, &th Heaven и Charmed помеѓу остантите. Со таква репутација, не е ни чудно што овој господин можел да си ја дозволи една од најскапите вили на светот. Неговата вила од 5.700 м2 е продадена со тајна цена во 2012 година, иако официјално била продавана по цена од 150 милиони долари. Спецификациите за вилата велат дека има четиринаесет соби за спиење и дваесет и седум тоалети, како и специјализирана соба за разни активности.
- Hearst Mansion – 165 милиони долари
Еден од спотовите на Лејди Гага е снимен во оваа вила во Калифорнија, која е проценета на 165 милиони долари. Со три базени, масивен вински подрум и приватна зоолошка градина, овој имот навистина ја оправдува својата цена. Тој е во сопственост на компанијата Heart Estate.
- Palazzo di Amore – 195 милиони долари
Последната вила која чини малку помалку од 200 милиони долари, па така и припаѓа на 10 – те најскапи домови во светот. Во превод од италијански јазик, оваа вила се вика Палата на Љубовта. Таа има околу 5.300 м2 и медитерански стил, со што една нејзина четвртина е посветена на забавата, со голема балска сала и ротирачки подиум за танцување. Оваа вила има 12 соби за спиење и 23 тоалети, куглана, кино, тениски терени, базени, водопади и гаража со 27 автомобили.
- The Penthouse – 200 милиони
Овој скапоцен стан во Лондон има многу добри услови, како прозорец од подот до таванот, соба за паника, професионално обезбедување, прозорци кои се отпорни на куршуми, 24 часовна собна услуга и пристап до луксузен спа центар и терен за сквош. Сепак, сето тоа не ја оправдува цената
- Fair Field – 250 милиони
Fair Field е имот на океан во Њујорк, а има 29 соби за спиење и 39 тоалети, електрана, три базени, синагога, два двора, овоштарници, домашно кино со 164 места, терен за кошарка и куглана. Во превод, ова е забавен и стамбен комплекс во едно. Оваа вила е толку голема што блиските соседи поднеле тужба против сопственикот, бидејќи еден имот не смее да завзема површина поголлема од 2.000 м2, додека овој има околу 11.000 м2
- Penthouse u Tour de Odeon, Monako – 400 милиони долари
Монако е како Дубаи и Абу Даби, познат по својата екстремност и скапоцен луксуз. Овој стан е прогласен за најскапиот стан во светот. Tour de Odeon е втората највисока градба на панорамата на Медитеранот, а нуди и панорамски поглед на вода, има базен на кров со водени тобогани и уште многу други погодности.
- Villa Leopold, Villefrance-Sur-Mer, Франција – 750 милиони долари
Поголемиот дел од вилите на овој список се релативно нови. Доколку не би биле такви какви што се, луѓето никогаш не би платиле толку пари за да ги поседуваат. Скапоцените стари домови или стануваат дел од културното богатство или се срушени за да се направи уште место за нови домови. Оваа вила е прилично стара. Кралот Леополд од Белгија ја изградил во 1902 година како подарок за една од своите љубовници. Во 2008 година, еден руски милјардер пробал да ја купи по цена од околу 750 милиони долари. Иако она во себе не крие скапоцени елементи како новите вили, таа е споменик за добриот вкус на аристократијата и се наоѓа на имот од околу 50 хектари.
- Антилиа, Мумбаи, Индија – 1 милјарда долари
Убедливо најскапата вила на оваа листа, која чини колку неколку од оваа листа, дефинитивно е вредна за високата бројка која ја обележува. Иако е дизајнирана од страна на напредните архитекти од Чикаго и поседува храм, здравствена заштита, кино, три хелиодрома, гаража за 168 автомобили, незамисливо е дека некој платил толку пари за една вила. Таа има околу 40. 000 м2 површина, но се шири и во висина. Станува збор за облакодер од 27 ката.