16
Feb

Сјајот на бакарот во вашиот дом

[stm_post_info]

Употребата на бакар или негова имитација со други материјали во златно розева боја е тренд во уредувањето на ентериерот.

Бојата на овој метал внесува топлина во амбиентот и го прави удобен, елегантен и луксузен. Од бакар се прави мебел, декоративни предмети, ѕидни плочки, лампи, мијалници, делови за кујната, садови…

Без разлика дали дизајнот е чист, монохроматски и модерен или пак рустичен и природен, бакарот секогаш лесно може да се вклопи. Тој може да го нагласи просторот или да направи контраст во него.

Можете да го користите во детали или во прв план, да ги обоите ѕидовите и таваните со нијанси на ‘рѓа, да закачите завеси во тие нијанси, како и теписи, прекривки за кревети, декоративни перници, но немојте да претерувате за да не изгледа пренатрупано.

За дизајнерите посебно се инспиративно бакарните кади кои внесуваат во тоалетите дух на некои други времиња, но и модерни лустери и лампи со кружен облик кои се идеални за трепезарии, дневни соби и соби за спиење.

Сепак, местото за бакарот е во кујната. Декорирајте ја со различни бакарни садови, закачете ги таму каде секогаш ќе бидат видливи, за нивниот сјај да дојде до израз.

Столчиња во боја на ‘рѓа можат да бидат вашиот избор, без разлика дали се направени од бакар или обоени со таа нијанса.

Со мали вложувања топлината на овој метал ќе ја добиете и со вазни, свеќници или ѕидни украси во бакарна боја. Секако, металот би имал совршен сјај доколку редовно го чистите.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]