17
Feb

Топол дом со Таркетт – облоги за под

[stm_post_info]

Здравото окружување и безгрижен дом првенствено се забележуваат по ентериерот, каде што еден од главните аспекти е одговарачка подна облога.

 

Квалитетот на подовите никогаш не смее да биде тема за двоумење, а вистинскиот избор на дезени и бои се она што најмногу допринесува за топлина, убавина и удобност. Можете да го прилагодите според сопствениот стил, карактерот, но и енергијата и концептот на секоја просторија во домот. Секако, важе дел се лакот, инсталацијата и одржувањето.

Во Elena Luka Home, нудиме токму такво решение за нашите станбени простори. Таркетт – повеќеслојниот паркет е изброт за опремување на домовите, бидејќи претставува најсовремен спој на природната убавина на дрвото, современата технологија, комфор и практичност.

stan-041-topseller-02-1024x585

Луксуз и оригиналност

Луксузот и автентичноста се првите асоцијации на овие паркети, произведени од најдобрите европски и егзотични видови на дрво. Се изработуваат во форма на уникатни даски со голем формат и допринесуваат за врвна елеганција и единственост на ентериерот.

stan-043-highfive-04-1024x576

Убавина која инспирира

Чувството на современа убавина е причината поради која Таркетт – повеќеслојните паркети се најчест избор при уредување на стамбените подови насекаде во светот. Овие ексклузивни даски одговараат и на најпрефинетите вкусови на нашите купувачи и лесно се вклопуваат во сечиј ентериер.

15181515_1852298581671153_408988529740595388_n

Ние веќе имавме одлично искуство со овој производ кој е веќе испробан и добро познат на пазарот, како и сите други материјали со врвен квалитет со кој Elena Luka Home работи години наназад, па затоа и во деловно – станбениот објект Business Homes одлучивме Таркеттот да биде наш избор и овојпат.

Таркеттот како решение за подна облога е одличен почеток во претварањето на вашиот нов животен простор во топол дом од соништата, секогаш во склад со бараниот карактер и стил, но и квалитетот и комфорот кој го заслужуваат сите наши клиенти.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]