Хит боја во ентериерот – Деним Дрифт
Доколку ги следиме најавените трендови и предвидувањата за оваа година, новата новата нијанса на боја за ентериер е еден од показателите што не очекува…
Една од боите е новата нијанса на сина, наречена Деним Дрифт, која ја претставува компанијата АкзоНобел, а таа е тука да ни помогне да внесеме доза на мир во својот дом.
Оваа боја ја симблизира водата која ги смирува „огнените“ елементи и веруваме дека се почесто ќе ја гледаме во модерно дизајнираните и уредени дневни соби. Деним Дрифт е нијанса која не е напорна за луѓето, бидејќи е комбинација од сини и сиви тонови.
Оваа боја се препорачува на сите оние кои сакаат да уживаат во природните нијанси, кои совршено ќе се вклопат со современиот тренд на дизајните. Од скандинавски до рустични стилови, оваа боја ќе може да го пронајде своето место во сите видови на ентериери.
„Привлечно мистична“, Деним Дрифт е боја која добива различни карактеристики во зависност од начинот на кој што се користи. За освежувачко чувство во ентериерот, препорачливо е да се комбонира со светли бои.