09
Mar

Ѕидовите како полигон за идеи

[stm_post_info]

Без разлика дали се селите или го реновирате станот во кој моментално живеете, вашите ѕидови можете да ги декорирате без да потрошите мало богатство.

Имајте на ум дека украсувањето на ѕидовите не продразбира само поставување на врамени слики. Треба да размислите за бојата, димензиите и оригиналноста.

Детали во рамки

zid2zid3

zid5

Побарајте големи огледала, постери или врамени слики. Одберее нешто што ви се допаѓа, а што ќе се вклопи во вашиот ентериер. Мотивот не мора да го прекрие целиот ѕид, но препорачливо е да биде доволно голем за да прицлече внимание во просторијата.

Цитати

zid12

zid14

Испечатете ги на винил вашите омилени цитати напишани со декоативен фонт и залепете ги на ѕид. Или купете готови стикери. Винилот лесно се лепи и се отстранува од ѕидот, така што можете често да ги менувате.

Полици

zid20zid21

zid23

Поставете полици и од ѕидот направете креативен излог. Ова е одличен начин да го смените изгледот на просторијата така што повремено ќе ги менувае предметите кои што се изложени.

Тапети

zid26

zid25

Целиот ѕид или неговиот среден дел прекријте го со тапет кој вам најмногу ви се вклопува во ентериерот. Немојте да претерувате со шарени примероци доколку во просторијата имате мебел кој е обложен со разнобојни материјали. Во тој случај земете тапет кој има најмногу две бои или една боја во две нијанси. Доколку вашиот мебел е без шарени примероци, тогаш можете да земете тапет во неколку бои.

Необични предмети

27

28

Закачете теписерија, традиционален чаршав или килим на ѕид. Свилено кимоно или народна носија заштитена со плексигласм ќе и даде на вашата соба интересен фокус. Извадете ги вашите стари инструменти. Закачете труба, тамбура или виолина. Комбинирајте ги со омилените ноти кои сте ги испечатиле и поставиле на ѕид.

Камен или цигли

zid30zid33

Целиот ѕид или само некои негови делови, обложете ги со камен или цигла. Обидете се да направите ефект на стара рушевина. Со камен можете да го обложите и делот позади вашиот телевизор.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]