10
Mar

Дизајн инспириран од природата

[stm_post_info]

Со колекцијата на перничиња чиј дизајн е инспириран од природата, фотографката Сабин Херман направила лежењето на боцкави растенија да стане нежно и удобно.

Овие наизглед реални перници се совршен начин да го збогатите Вашиот ентериер, да го освежите просторот и да внесете дел од природата во вашиот дом.

Единствените перници се толку оригинални благодарение на фотографиите на Сабин Херман, која фотографирајќи ја природата – лисја, дрва, цвеќиња и кактуси, добила идеја своите дела да ги пренесе на декоративни перници. Такам фотографиите директно се испечатени на декоративно платно кое подоцна е сечено во посакуваната форма и крајниот резултат е воодушевувачки. Направени се репродукции кои изгледаат како тродимензионални.

Некои креации се преубави, но не се совршени. Како што вели самата дизајнерка „Не сум во потрага по совршенство“. За мене овенатиот лист е дел од природниот циклус и може да има боженствени нијанси. Верувам дека несовршеноста му дава карактер на секој објект“. Изгужваните ливчиња, неправилни форми, се само некои од исклучителните несовршености кои оваа фотографка успева да ги дофати со апаратот и да креира фантастични уметнички дела.

Погледнете ја глаеријата од фотографии во прилог и уверете се сами:

 

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]