13
Mar

Стилски бањи за мажи

[stm_post_info]

Темните, смирувачки и мажествени ентериери на момчешките станови изгледаат многу готопримливо. Многу самци денеска преферираат ваков декор, а во случај да сте и вие еден од нив и барате инспирација, овие примери дефинитивно може да ви помогнат.

Станува збор за бањи со мажествен стил кој може да се пронајде во момчешките станови и начини на кои може да се декорира, а темата секако ќе ви понуди инспирација каква што посакувате.

Декорот на секоја бања се базира на подните и ѕидни прекривки, плочките околу тушот, дизајните на кадите и мијалниците. Можете да го изберете својот стил, а подот и ѕидовите да ги дизајнирате според тоа, едноставно исполнувајќи го просторот со аксесоари и мебел по потреба.

Мијалници – пултови околу мијалниците или шкафчињата под нив

Зошто овие помалку различни елементи се соединети заедно во иста категорија? Од причина што секоја бања мора да има мијалник, со тоа што оние кои се со мажествен стил, понекогаш не би требало да имаат ништо под себе, бидејќи самиот мијалник е сосема доволен.

Доколку избереме убави и воглавно минималистички плочки и шкафчиња наменети за мијалникот, тие најверојатно ќе бидат древни или со текстура. Од друга страна бетонот е идеален за минималистичка и модерна бања, додека мермерот и каменот може да се искористат за делот под мијалникот.

Што се однесува на мијалникот, предлагаме да изберете темен со чисти нијанси на камен, бетон, дури и метал доколку сакате да постигнете допадлив изглед. Исто така можете да пронајдете убави монолитни опции на мермер, коријан или камен за држачите за пешкири и со тоа нема да ви бидат потребни дополнителни елементи.

Када

Доколку сте одлучиле да купите када, нека биде шик. Дефинитвино би требала да биде самостоечка, на убави и префинети ногарки или без нив. Кадата би требало да биде темна, на пример  мат црна, поради мажествен изглед. Вашата када може да биде направена од метал, камен, мермер, коријан, но имајте на ум да изберете темна нијанса и изглед од надврешна страна, а внатрешноста може да биде и бела. Само – стоечките кади  се идеални заарт деко ентериери, а дрвените даваат чувство на удобност.

Туш

Тушот секогаш е последен во секоја бања со или без када. Изберете убав, темен туш кој нема да изгледа премногу тежок, туку релаксирачки и смирувачки.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]