22
Mar

Големи идеи за мали станови

[stm_post_info]

Сè повеќе самостојни мажи и жени купуваат станови со помала квадратура како тип на станбена единица, поради очигледните предности…

Поради ограничениот простор, малите станови можат многу често да претставуваат голем проблем. Запаметете дека овој вид на станови мора исто така да поседуваат бројни погодности  како кујна, гледање телевизија, играње игри и туширање. Токму од овие причини декорирањето на малите станови бара голем напор и неколку совршени идеи.

Откако ќе ја погледнете нашата галерија со примери ќе можете да видите дека има многу мали станови и идеи за уредување на истите, наменети за секој што сака својот ентериер за домување да го претвори во мало стилско достигнување.

Имајте на ги на ум советите кои следат и пробајте да извлечете најмногу од нив за да го декорирате својот мал рај според Вашиот вкус.

Изберете неутрален стил

Иако овие станови се мали по квадратура, можете да изберете неутрален градски стил за да можете на најдобар начин да го надополните овој недостаток. Неутралните завеси и ѕидови комбинирани со сребрени и црни акценти го прават просторот да делува по комфорно, додека истовремено додаваат централна точка на амбиентот. За екстремно малите простори, мебелот со минимален волумен претставува вистинско решение. Одвај видливи масички за кафе се добар начин да се заштеди на квадратурата.

Зголемете го просторот за складирање

За малите станови, идеално е кога мебелот има дупла функција на дизајн и место за складирање на работите. Купете столчиња, маси и гарнитура со вграден простор. Можете да купите парчиња мебел кои ги користите секојдневно, а содржат прегради за предмети.

Малите дневни соби можете потполно да ги трансформирате со употреба на силни и разнобојни 3Д тапети. Бела софа и црно – портокалови графички ѕидни тапети можат да направат чудо од просторијата. Добрата идеја е и употребата на шумско – зелени завеси поради драматичен изглед. Размислувајте надвор од рамката и употребете ја вашата креативност за да создадете убав дом.

Определете се за индустриски стил

Доколку навистина сакате да бидете уникатни и да искористите што повеќе идеи поврзани со малите станови, но и дизајни кои се достапни на пазарот, тогаш обидете се со многу квадратни полици, прегради или големи фиоки.

Запаметете дека станот не мора да биде голем и дека има  многу идеи наменети за малите станови. Уживајте во фотографиите и дозволете фантазијата да работи за вас.


 

Twins е создаден за новата генерација на луѓе кои се свртени кон себе, своето ново и подобрено јас. Оваа генерација станува свесна за својата моќ, вложува и создава како во својот живот, така и во својата животна средина.

Во денешно време треба да поседувате силен  дух за да можете да го живеете животот по свои правила, а во денешната урбана џунгла, ставот е сè.

Ставот е TWINS

 

17342531_1908009999433344_7745704946810944568_n

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]