Купете си дворец како од бајките
Гордо сместен во привлечно окружување со поглед на северниот и јужниот брег на карипскиот остров Св. Кроикс, Замокот на Св.Кроикс некогаш припаѓал на грофицата Надја Фарбер.
Откако сопственичката починала, куќата е дадена на продажба и може да биде ваша за 15 милиони долари. Белиот дворец кој потсетува на хациенда или ориентална палата, навистина има ретка убавина и спектакуларна димензија. Луксузниот имот се простира на неколку илјади квадратни метри со огромна дневна соба која е украсена со мозаици, светлечки мурали, птици и сино небо.
Оваа фантастична бела градба поседува 6 спални соби со големи прозорци, има огромна трепезарија, одлично опремена кујна и како да го надополнува веќе совршениот поглед на архипелагот и Девствените острови. Во склоп на имотот се наоѓа и голем базен со куќичка, како и колиба за чуварот.
Имотот е сместен на површина од 100 акри приватен имот и сигурно ќе ги привлече идите сопственици со својата едноставност и егзотика.