Луксузно декорирање на домот за Велигден
Постојат многу начини да го декорирате својот ентериер за време на претстојниот празник Велигден. Време е да се посветите на истражувањето како да го декорирате просторот во кој живеете, така што ќе „дише“ елеганција и празнична атмосфера.
Велигден е најрадосниот христијански празник, па затоа декорот во вашиот стан или куќа треба да биде весел, полетен… Плус, самиот чин на украсување на вашиот простор може да биде идеална шанса да ги вклучите и децата кои ќе дадат свој печат на овој празник.
Шарените јајца, украсени зајчиња, гнезда од трева или сено, гранки со цвеќиња, свеќи, разнобојни бонбони и чоколади со различни форми, се само некои од стандардните украси кои го симболизираат Велигден и секогаш се добредојдени како декорација. И секако – бои. Шарено или едноставно, силни бои или пастелни, традиционално или ултра модерно, децентно или минималистички – за Велигден нема дизајнерски правила. На вам останува да одберете што најмногу ви се допаѓа и што најдобро се вклопува во стилот на вашиот ентериер.
Велигден доаѓа заедно со пролетта. Вашиот дом нека разсцвета. Цвеќето кое најмногу асоцира на Велигден е лалето и јоргованот. Украсете го својот дом со лалиња во пастелни бои или одберете јоргован кој ќе го исполни ентериерот со мирисот на пролетта.
Декорацијата на масата за велигденскиот ручек е многу важна исто така. Прстените за салфетки, соларници, сервисот за сервирање на храната и приборот за јадење нека добијат празнична атмосфера. Бидете креативни и вазата со свеќиња збогатете ја со гранки и цвеќе на кое ќе закачите јајца со порака „Среќен Велигден“.
Нека вашиот дом дише во празнична и позитивна атмосфера во која ќе уживаат и домаќините и вашите гости.