Рачно креирани дрвени кади
Доколку сметате дека дрвото и водата не одат заедно, застанете за момент и погледнете ги овие примери кои луксузот го пренесуваат на повисоко ниво…
Кога завршниот дел и заштитата се направени на правилен начин, дрвото може да биде изненадувачки издржливо и водоотпорно, а производителите кои се специјализирани во креирање на порсебно прилагодливи дрвени кади често превземаат скулптурален пристап, чинејќи ја секоја када единствена и централна точка во нашата бања.
За разлика од другите видови на кади, дрвените се направени со употреба на текники за бродоградба, така што во суштина се многу полесни отколку што делуваат кога ќе ги видите.
Веројатно се прашувате што е со чистењето и одржувањето? Дрвените кади не се потешки за одржување од било кој друг материјал. Гребнатините можат да се поправат многу полесно отколку кај обичните кади со едноставно полирање, а чистењето бара само неабразивен сапун и мек сунѓер, без употреба на жица или детергенти.
Сепак, за да бидете сопственик на една ваква када, мора да обезбедите посебни амбиентални услови за да се спречи нивното пукање, вклучувајќи го и одржувањето на влажноста помеѓу 40% и 60%, како и избегнување на употреба на грејни тела и климатизери во тоалетот. Иако можеби мислите дека дрвената када мора да се одржува сува после употреба, недостатокот на влага може да биде поголем проблем. Дрвените кади мора да бидат користени минимум три пати неделно за да останат во идеалната состојба.