Пастелни тонови за луксузен ентериер
Пастелните нијанси се нежни, смирувачки и деликатни и со самото тоа се составен дел од секој романтичен ентериер…
Трендовите на бои во дизајнот на ентериер за оваа година се претставени, а Пантон, апсолутниот водич во овој сектор сугерира дека главните бои се нијансите кои се инспирирани од природата. Освен што владеат на модната сцена, овие бои идеално би се вклопиле и во домовите.
На пример, спалната соба може да биде романтична и женствена, кога ќе се искомбинираат нежни текстури и тонови на бела и розева боја. Ако сакате да создадете простор кој е идеален за уживање, тогаш изберете волна, памук или кашмир за ќебиња, прекривки и други детали. Модните дизајнери велат дека стилот е карактеризирано со аксесоари. Затоа, ако сакате спална соба која ќе го отсликува вашиот стил, тогаш набавете оригинални декоративни предмети.
Кујнскиот простор проткаен со нежни пастелни нијанси некако асоцира на детство и безгрижни моменти кои сме ги поминале во овој простор. Кујната со бел мебел, сјајни плочки и отворени полици е идеален пример за овој тренд.
Ако размислувате исто како нас, тогаш веројатно никогаш не би ви паднало на памет дека својата работна околина можете да ја обоите со пастелни бои. Сепак, работната маса од светло дрво совршено ќе се вклопи со столче кое делува како да е обложено со фондан. Забавни цртежи и графики околу работната маса секако можат да ја разубават атмосферата, додека светло сивата боја може да ја обележи вистинската функција на ова катче од домот.
Секако, кога зборуваме за пастелни тонови во ентериерот, не ви велиме да обоите еден цел ѕид во розева боја. Неколку додатоци во собата која инаку е минималистичка е сè што е потребно да го проследите овој тренд.
Обидете се да го замислите своето идеално пастелно окружување, а додека го правите тоа, разгледајте ја нашата галерија, може ќе се испирирате!