Пешкирите нека „работат“ за вас
Малите детали многу често прават најголема разлика во вкупниот изглед на една просторија…
Кога се работи за модерни бањи, не постои ништо покрај плочките, шемите на бои, стил и мебел што може автоматски да го смени амбиентот без да е потребно многу време или труд како уредно поставен прибор за тоалет, слободен простор околу мијалникот, убаво осветлување и убаво здиплени пешкири кои овозможуваат префинет амбиент. Она што делува како мал детаљ оди заедно со целокупното трансформирање на визуелното доживување на Вашата бања и дава чувство на софистицираност.
Многу често, темата и стилот на бањата комплетно зависат од правилниот избор на место за пешкири, закачалките и висечките елементи. Денеска, ние се фокусираме на модерните и современи бањи во кои бојата може да има големо визуелно влијание. Сопствениците кои се инспирирани од бањите со спа изглед, смислено вклучуваат голем број на пешкири со кои доаѓаат и боите во тоалетот, поставени како контраст на неутралните позадини или пак за зголемување на акцентот на останатите нијанси.
Освен здиплени пешкири покрај мијалникот или на висечките полици, можете да внесете и едноставен, но многу ефектен систем на закачалки за закачување на пешкири. Освен стандардните места за поставување закачалку, ви предлагаме да поставите куки наоколу, на различни места низ бањата, кои во комбинација со ѕидните елементи во морнарски, рустичен или индустриски стил ќе дадат одличен ефект. Така би креирале разнобојна и интересна бања.
Модерната верзија на рустичните држачи за пешкири во тоалетот овозможуваат дополнителен простор за поставување на пешкирите. Уредните скалести полици овозможуваат простор и за корпи кои можат да служат за чување на пешкирите заедно со останатите декоративни парчиња и тоалетни аксесоари. Ако случајно не ви се допаѓаат ваквите елементи, постојат и едноставни масички кои можат да стојат покрај кадата и на нив да се постави се, од сапуни и шампони, до идеално здиплени пешкири.