Прашајте ја Elena Luka Home – Бои во ентериерот
Овојпат, вклучувајќи ја и нашата читателка Татјана чие прашање можете да го прочитате подолу во текстот, неколку дами побараа совет за истата тема – декорирање на домот во кој преовладуваат белата, кафената и беж боја. Тие сите бараа совет за освежување на ентериерот, како и идеи за декорации и украси кои би биле соодветни.
Почитувани!
Јас живеам во стан од 52 м2 и полека го средувам скромно, но удобно. Целиот стан ми е во претежно бела боја со нијанси на кафено и крем. Но, цело време некако нешто ми недостасува и не можам да сфатам како да ги комбинирам овие бои со други и имам тотално непознавање за слики на ѕид и слични украси. Би ве замолила за совет.
Поздрав,
Татјана
Во прилог ќе ви дадеме совет за тоа како би можеле да го декорирате својот ентериер, користејќи ги белата, кафената и беж бојата како основа.
Доколку ги следиме најавените трендови и предвидувањата за оваа година новата нијанса на боја за ентериер е новата нијанса на сина, наречена Деним Дрифт.
Оваа боја се препорачува на сите оние кои сакаат да уживаат во природните нијанси, кои совршено ќе се вклопат со современиот тренд на дизајните. „Привлечно мистична“, Деним Дрифт е боја која добива различни карактеристики во зависност од начинот на кој што се користи. За освежувачко чувство во ентериерот, препорачливо е да се комбинира со светли нијанси како белата и бежот, а кафениот мебел и дрвените површини совршено се вклопуваат во целосната слика.
Погледнете ги фотографиите во прилог, каде што се надеваме ќе пронајдете инспирација за освежување на Вашиот дом.
Важно е да спомнеме дека заедно со оваа боја, одлично се комбинира и жолтата, која би била прекрасно освежување на просторот.
Ваши,
Elena Luka Home
*Поставете прашање или побарајте совет за уредување на ентериерот во Вашиот дом или работно место користејќи ја контакт формата подолу на страницата.