Мал стан испириран од морето
Овој мал стан сместен во Барселона поседува 48м2, но со вистинска леснотија во себе содржи сè што е потребно и неговиот дизајн е оптимизиран на најдобар можен начин.
Доколку сакате да знаете како е возможно тоа, мораме малку поблиску да ви ја објасниме целата динамика на овој станбен простор.
Дизајнерите првенствено решиле да создадат отворен план на просторот од три различни страни кои овозможуваат одвојување и визуелна поврзаност истовремено, така што тука се наоѓаат кујната, заедно со трепезаријата, дневната соба и спалната. Кујната е во форма на латинската буква Л, ѕидот е декориран со изложени цигли кои по бојата претставуваат ехо таван. Тука се и белите кујнски елементи, полици и голем фрижидер. Кујнскиот под е прекриен со графички црно/бели плочки кои се многу практични.
Трепезарискиот простор е обележен со висечко осветлување и дабов под. Трепезариската маса е во индустриски стил со дрвена плоча и црни, метални ногари, што претставува комбинација која се совпаѓа со кујнските полици и прави трепезаријата да делува гостољубиво и свежо. Делот за дневен престој е многу мал, содржи сива софа и голем портрет, додека најголемата предност е тоа што е овозможен директен излез на балконот.
Спалната соба се состои од истиот ѕид со текстура на изложена цигла, а кујнските единици се наоѓаат од нејзината друга страна. Наместо ноќни шкафчиња, во спалната соба можете да видите панели со вградени полици, но и многу богат лустер кој се наоѓа над креветот. Во оваа просторија исто така се наоѓа многу убав тепих со неутрални тонови и едноставен бел кревет заедно со шкафче кое ја комплетира целосната тема на дизајнот.
Бањата се состоии од бели плочки инспирирани од цигла, простор за туширање и тоалет одвоен со ѕид, како и мијални со дрвена плоча. Сините материјали потсетуваат дека ова пред сè е простор инспириран од морето, кое ја поврзува целокупната шема на декорот во остатокот на станот.