27
Apr

Прашајте ја Elena Luka Home: Совршени стаклени масички за кафе

[stm_post_info]

Овојпат нашата читателка Јованка побара совет при избор на клуб масичка која ќе се вклопи во нејзиниот ентериер.

18056747_1662733923750569_5898691385981991166_n

Една од главните карактеристики на секоја дневна соба e масичката за кафе…

Таа обично е сместена во самиот центар на сите случувања, обично поставена веднаш покрај мебелот за седење, а идеална е за пепелникот, колачи, книги или одредени декоративни предметеи. Масичката за кафе е елемент со голема функционална намена, но и игра голема функционална примена во нашите животи.

Масичката во дневната собаможе да биде парче кое комплетно се вклопува со остатокот на ентериерот или едниствен дел од мебелот кој се истакнува. Стаклената маса е неверојатно флексибилна и поседува можност да се претвори во централна точка на просторот. Таа внесува елеганција и транспарентност во собата, испраќајќи порака за чистотија и едноставност.

Стаклен и допадлив дизајн

Бидејќи е стаклото проѕирно, тоа создава неверојатни ефекти преку ден. Сончевите зраци поминуваат директно низ стаклените маси, што резултира со добро осветлена соба која не е пригушена со мебел, туку е светла и пространа. Доколку сакате вашиот простор да биде добро осветлен, стаклената масичка секако би требала да биде на листата на вашите приоритети.

Исклучителни проѕирни масички за кафе

Не постои ништо полошо од пригушена дневна соба. Сите ние сакаме нашиот ентериер да делува отворено и пространо, што не мора да значи губење на елеганцијата и комфорот. Она што понекогаш делува како невозможна мисија, може да стане достижно со додавање на транспарентна масичка која не создава никаква тежина за собата и го отвара тој амбиент правејќи го поголем.

Вклопување со дневната соба

Понекогаш масичката за кафе навистина се издвојува  со својот дизајн од целокупната просторија и станува најмаркантното парче во просторот. Од друга страна, стаклената маса секогаш совршено се вклопува со остатокот на ентериерот, создавајќи уреден и константен дом. Поради својата едноставност и транспарентност, стаклените маси можат да бидат многу лесно вклопени со остатокот на енериерот.

Погледнете ги фотографиите:

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]