28
Apr

Најмалиот британски замок

[stm_post_info]

Ако некогаш сте сонувале да живеете во замок, еве шанса за вас…

Скромната палата , позната под името Molly’s Lodge, моментално е достапна за купувачите и се наоѓа во близина на селото Лонг Комптон во Варвикшир, во Англија. Вистината е дека луѓето не секогаш имаат шанса за достапе замок за купување. Интересно е тоа што за одржувањето на овој, нема да ви треба десет слуги и чувари.  Molly’s Lodge е повеќе куќи, изградени во стилот на замок.

Оваа структура настанала во текот на 1830 – та година, како дизајн и дело на Едвард Блореа, познат британски архитект. Оригинално, оваа куќа е осмислена како помошен простор за многу полуксузната и поголема вила  Weston Park Estate која се наоѓа на северната страна на Костволдс. Денеска овој мал замок се користи како одвоен имот, односно куќа со една спална соба и бања, со спектакуларни спирални скали и дневна соба која е декорирана со викторијански камин од ковано железо.

Покрај својот ентериер кој е со површина од скоро 80м2, замокот има многу простран екстериер. Долг пат со каменчиња води од улицата до куќата, а таа е разубавена со градина, орнаменирано езеро и кујнска градина во која расте овошје, зеленчук и најразлични билки.

Со цена од околу 700.000 долари, Molly’s Lodge исто така содржи и градба наречена Molly’s Mews.

Овој дополнителен простор игра улога на гаража, канцеларија и еднособен стан. Совршена е за оние кои сакаат да имаат работен простор далеку од својата спална соба или место за гости кои би дошле на подолга посета.

Уживајте во фотографиите:

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]