Совршени мали дневни соби
Создавање на удобниот простор за живот отсекогаш претставува најважниот аспект во креирање на секој дом…
Ние поминуваме најмногу време во дневната соба одмарајќи, дружејќи се, гледајќи телевизија или едноставно поминувајќи часови со семејството. Опремувањето и декорирањето на дневната соба на една просечна квадратура, може да биде многу тешка работа, така што завршувањето на истата задача во малите дневни соби е уште поголем предизвик.
Изберете светла шема на бои
Кога просторот е мал, темните бои многу брзо ги пополнуваат достапните површини и ја сатвораат собата. Светлите бои ја одржуваат отворена и осветлена, истовремено чинејќи ја пространа. Неутралните тонови помешани со светло сини нијанси и зелени бои многу често претставуваат добра комбинација за приридно зголемување на просторот со кој работите.
Мебел обоен во светли бои
Заедно со истата тема на ѕидните бои, светлите парчиња на мебел и додаваат пространост на собата и се тотална спротивност на темниот мебел. Темно обоеното дрво може визуелно да ја намали просторијата и да го затвори погледот наместо да го прошири кон надворешната страна. На пример, светлиот даб поседува помала визуелна тежина во споредба со темното дрво.
Користете огледала
Огледалата овозможуваат визуелен ефект кој може да овозможи илузија на дополнителен простор. Кога огледалата се организирани за да рефлектираат одредени работи и делови на соби, тие ја „отвараат“ и создаваат повеќе светлина, која доведува до простран амбиент.
Користете вертикални линии
Големината на собите не се сведува само на подната површина и квадратните метри, во неа подеднакво е важна и висината. Искористете ги предностите на вертикалниот простор на вашата соба за да создадете илузија на дополнителна квадратура. Со додавање на високи предмети и декоративни парчиња, можете да го насочите вниманието на вертикалниот простор кој сигурно ќе ја отвори дневната соба.
Набавете мултифункционален мебел
За да искористите најголем дел од вашата соба и мебел, изберете парчиња кои можат да послужат за повеќе намени. Употребата на отоман кој може да биде и масички за кафе, претставува многу популарна идеја за малите простори. Многу отомани исто така нудат простор за складирање на работите во нив, така што ќе ослободите простор во својата дневна соба.
Хармонизирајте ја својата дневна соба
Хармонизацијата претставува начин на создавање на визуален тек ширум просторијата. Можете да ја хармонизирате шемата на боите и мебелот за да го одвлечете погледот од големите парчиња на ѕидовите позади нив, со употреба на посветли нијанси од оние кои ја красат софата за да се одвлече вниманиот од мебелот и да се додаде на просторот кој го опкружува.
Осветлување во слоеви
Осветлувањето е клучен фактор во било која соба, но најважен е во помалите простории. Клучот на доброто осветлување лежи во неговото раслојување низ дневната соба од подот па се до таванот. Употребата на различни водови на осветлување низ сите површини во просторијата помага да изгледа визуелно поголема.