Правилно дизајнирање на зелена кујна
Зелената боја на природата, дрвата и шумата, можат да ја вратат било која кујна во живот…
Ви претставуваме некои од најдобрите начини на кои можете на стилски начин да ја одржувате својата зелена кујна.
Прво и најважно е да најдете атрактивна нијанса на трева, јаболки, фстаци и слично. Комбинирајте ги зелените нијанси со златна или кафена за да ги комплементирале дрвените елементи и рачно плетените корпи со тема инспирирана од природата.
Можете таванот да го обоите со зелена боја за да се совпаѓа со зелениот остров в кој секако би се истакнал во вашата кујна.
Определете се за зелени, сјајни кујнски елементи за да постигнете драматична, сјајна и раскошна појава.
Поради вонвременскиот изглед, овозможете му на вашиот кујнски мебел природно дрво. Вклучете во својот дизајн рустични греди и опуштен зелен мебел во трепезарискиот дел.
Поставете зелени плочки на позадината на кујнските апарати кои можат да бидат вклопени заедно со различни нијанси.
Она што е најважно е тоа што можете да внесете зелен концепт по пат на енергетски ефикасни апарати за домаќинство или органски материјали, користејќи потполно природни производи во вашата „зелена“ кујна.