12
May

Стаклени слики, нов тренд во ентериерот

[stm_post_info]

Дали сте знаеле дека до почетокот на 20 – от век стаклото било неверојатно скапоцен материјал и дека со векови поседувањето на некој предмет од стакло било симбол на престиж?

Денеска слободно можеме да уживаме во убавината, фасцинантноста и разновидноста на стаклото, а овој благороден материјал со својата способност може да прекршува и пропушта светлина.

Многу славни дизајнерски компании се занимаваат со производство на вистински стаклени ремек дела како брендовите Tiffany, Stеuben или Lalique.

Во денешно време било кој ентериер е незамислив без некој вид на стакло, без разлика дали се работи за полици, маси, фиоки, врати или декоративни предмети. Стаклото стана есенција на модерната архитектура. Транспарентност, разновидност на формите и боите го прават применливо во сите стилови и дизајни, а со неговата функционалност, стаклото може да биде неодолив декоративен елемент кој го прави просторот посебен и визуалено простран. Стаклото овозможува разиграност и динамика на секоја просторија. Затоа користењето на стаклото во ентериерот ќе ја трансформира секоја просторија.

Како што сè околу нас подлежи на промени, така и стаклото еволуира. Новиот тренд во ентериерот секако е користење на калено стакло, без разлика дали сакате визуелно да преградите или декорирате некоја просторија.

Станува збор за дизајн без граници! Можете да креирате уметност на стаклен ѕид или да вметнете фотографија на стакло, за да добиете стаклена слика која се вклопува во секој простор. Што и да замислите, сè може да се испечати на калено стакло. Доколку на тоа додадете и LED осветлување, ефектот на печатот на калено стакло ќе стане сосема поразличен.

За разлика од другите материјали, печатот е отпорен на топлина, траен е и не постои можност за оштетување за време на чистењето, бидејќи печатот се работи на задната страна. Каленото стакло е 4 – 5 пати поотпорно на удари од ибично (Флот) стакло. Покрај тоа отпорно е на исклучително високи температури  (220°c). Безбедно е, достапно, овозможува чувство на длабочина на просторот, пропушта светлина. Може да се користи во вашата бања, кујна, било која просторија.

Бидете креативни и ѕидовите на вашиот ентериер украсете ги со споемни на калено стакло.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]