Две софи во една просторија
Навикнати на гарнитури, фотелји и табуретки, често уште на почетокот ја отфрламе идејата за две софи во една дневна соба. Необични, едноставни и убави комбинации навистина можат да не изненадат.
Еве неколку инспиративни предлози кои го најдоа својот дом во многу станови ширум светот.
Распоред на софи
Да се соочат две софи и да се добие атмосфера „лице в лице“ навистина може да биде интересен избор во една просторија. Важно е распоредот на софите да овозможува непречен разговор на соговорниците, да има доволно простор за опуштање и да не се масивни. Со ваков распоред се добива малку поформален стил и наменет е за оние за кои ТВ приемникот не е точката на фокус во дневната соба.
Два стила
За потполно опуштачка дневна соба одберете софи во различни стилови. На тој начин се постигнува разбивање на „класичното“, а доколку на членовите на семејството им се допаѓаат различни работи, еве начин да се согласат.
Пожелно е софите да бидат во приближно исти димензии, а декоративниот ефект може да се поврзе со перничиња во двете бои.
Совршен контраст
Доколку сакате да постигнете елегантен и софистициран изглед на дневната соба, еве едноставен начин – две софи во ист стил, но во контрастни нијанси. Овде е претставена сино – бела комбинација, но тоа може да бидат и други бои, зависно од тоа која одговара на ентериерот и на оние кои живеат во тој простор.
Решение за високи тавани
Идеална комбинација може да биде и онаа во која две софи се надоврзуваат една со друга. Убавите дезени на две софи можат да направат комплетен „makeover“ на дневната соба.
Просторот позади нив може да се искористи како полица за книги или пак работна зона.
ОВДЕ ВНЕСИ ТЕКСТ