Прашајте ја Elena Luka Home – 15 Ентериерни комбинации со бордо боја
Класичните црвени бои се страствени и драматични. Одговараат со традиционалните стилови, но исто така и со ексцентричните, еклектични или модерни стилови. Но, кои бои одговараат со темно црвената? Кои неутрални тонови можат да ја смират бојата на дива цреша или кои женствени бои одговараат со силни тонови?
Овојпат добивме прашање од Даниела за тоа кои бои одговараат со бордо.
Прашање: Здраво, морам да ве пофалам за идејата за уредување на домот, секоја чест. Чисто информативно ме интересира како би можела да искомбинирам бордо боја во соба, мислам која боја според вас би се совпаѓала најдобро. Благодарам.
Споделуваме 15 бои кои се комплементарни и ја истакнуваат убавината на оваа боја.
Сончоглед
Жолтата боја во тоновите на сончоглед ќе одговара одлично во просторија со бордо боја и ќе направи собата да зрачи енергично и полна со живот.
Полноќ
Црната и црвената отсекогаш биле безвременска, класична комбинација. Ако посакувате дневна шик соба, без разлика на Вашиот избор на декорации, одберете ги овие бои како основа.
Морнарска
Класичниот тон на морнарска боја може исто така да ја балансира и смири богатата темна црвена боја. Оваа соба би била релаксирачка, но исто така и супер стилска и младешка.
Темно розева
За слоевит, монохроматски изглед, користете слични нијанси кои ќе создадат длабочина во собата. Искористете ги темната црвена и темната розева бидејќи тие се слеваат една во друга и создаваат софистициран финиш.
Крем
Кремастата бела боја може одлично да одговара со силната нијанса на црвената. За пример погледнете ја оваа прекрасна дневна соба на фотографијата подолу! Бежовата одлично ја смирува бојата на цреша со софистицирана леснотија.
Лешник
За мрзелива соба исполнета со модерни детали ќе изгледа побогато и почисто со ситници во темно црвена боја поставени на некои задскриени места. Тоа е одличен, сигурен начин за декорација.
Трева
Да, можете да ги вклопите силната темна црвена боја со зелената боја на тревата и да создадете модерен и стилски ентериер.
Слива
Црвената боја со бојата на слива создаваат секси изглед, Но, исто така може да креира женствена и силна колекција на чувства како и модерен изглед.
Чоколада
Ова можеби не е комбинацијата на која прво би помислиле кога декорирате соба со бордо, но ние сме сигурни дека овие бои фино се совпаѓаат. Ова женствено и шик место има уникатен изглед и изобилство на шарм.
Тиркиз
Оваа весела соба е екстемно живописна и полна со живот, а тоа е така благодарение на контрастот помеѓу тиркизната и црвената боја кои ги има во просторот.
Манго
Исто како и жолтата, ако сакате да создадете супер – живописна атмосфера, одете со манго – цреша варијанта. Ова е одлично за детски соби!
Лешник
Уште една совршена неутрална идеа. Пробајте да додадете темна црвена на собата обоена во боја на лешник. Ова е традиционален тон со акцент на црвената.
Мастика за џвакање
Розевата боја на мастиките за џвакање не одговара со многу бои, но може одлично да се измеша со црвената.
Злато
За пограндиозен и луксузен изглед, пробајте да искомбинирате златна и црвена во Вашата трепезарија за поформален стил. Оваа комбинација создава софистицирано и безвремеско чувство.
Маслинка
Спојувањето на маслинестата и темно црвената боја создава традиционален изглед и секогаш е добар избор за кујна. Маслинасто зелената боја секогаш дава чувство за дом и удобност.