23
May

Infinity House – Куќа со базен на кровот

[stm_post_info]

Северниот дел на Норвешка е рај за сите оние кои сакаат да се повлечат во самотија и природа и да избегнат места полни со туристи…

Оваа „бесконечна“ куќа е дизајнирана токму за таа намена. Таа е доволно одалечена од метеж и опкружена со северни пејсажи. Нуди панорамски поглед на околните планини и морето. Нејзината едноставна монолитска бетонска структура се издига над карпите.

Природните материјали креираат чувство на поврзаност со околниот пејзаж, додека големите прозорци максимално користат спектакуларни погледи и ја бришат границата помеѓу екстериер и ентериер.

Оваа градба се состои ос три главни елементи – екстериерна бетонска суперструктура, црн бетонски кров со „infinity“ базен и црна кутија со бања и тајни скалила. Самата куќа е дизајнирана како еден голем отворен простор каде дневната соба, кујната и бањата го наоѓаат своето идеално место.

Ентериерите се суптилни во доминантно монохроматски тонови, за да не влијаат на светлината и боите кои се менуваат во екстериерот. Северниот дел на Норвешка е познат по природниот спе спектакл на поларна светлина и дефинитвино би било штета да не се види.

Затворениот црн волумен на тоалетот содржи скали кои водат до базенот сместен на кровот. Базенот со греена вода е поделен на два дена, па содржи лента за пливање и дел за опуштање, овозмоќувајќи им на сопствениците можност да уживаат во секој негов аспект.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]