Интегрирајте ја црната боја на вистински начин
Кога се користи во дизајнот на ентериер, црната е неконвенцијална боја за разлика од белата, беж или неутралните бои генерално…
Постои сомнеж дека просторот кој изобилува со црна боја ќе стане мрачен, што не спречува да го искористиме полниот потенцијал на оваа боја. Вистина е дека црната може да биде многу шармантна, без разлика каде се користи. Во тоалетот, црниот мијалник може да биде многу шик и стилски, но исто така постојат и многу други начини на кои може да ја поставите во својот простор.
Иако дизајнерите со целото срце не поттикнуваат да ја користиме црната боја во нашите тоалети, секогаш постојат неколку работи кои мораме да ги разгледаме пред да започнеме. На пример, постојат многу различни типови на црната боја и секој од нив е посебен на свој начин. Одредени нијанси на сина поседуваат топла нијанса, додека останатите се поладни, така што мора да бидете свесни за совие суптилни разлики во под – тоновите кога избирате црна боја за Вашиот тоалет.
Доколки сте загрижени поради фактот дека премногу црна боја може да направи вашата бања да делува многу мала, тогаш најдобро е да додадете големо, широко огледали до вашиот мијалник. Ова е познат трик кој ќе направи да го осветлите својот простор и да направите да изгледа пространо и светло. Доколку сте загрижени дека црната боја просторот ќе го направи ладен и мрачен, постои многу лесно решение. Сè што е потребно е да додадете дрво или топли акцентирани бои. На пример, ако имате црн мијалник, можете да користите дрво на подот или да имате дрвен мебел со неколку полици.
За да ја избегнете монотонијата, мешајте и комбинирајте различни материјали и текстури. Црниот мијалник за бањи може да претставува контраст помеѓу белиот ѕид и белата када, додека црно – белата комбонација може да се повторува низ просторијата неколку пати и во различни форми. Интересна идеја е комбинирање на различни плочки или боење на ѕидовите со различни бои. Комбинирањето на различни текстури или образци може да створи фокална точка, а можете и да изберете финиш при боењето каде вашите црни елементи во бањата ќе се истакнат. Сјајниот финиш дава силен впечаток, додека матираниот предизвикува минималистичен изглед.