На работ на рајот
Еден од најубавите карипски острови, Св. Лусија претставува нешто најблиско до рајот судејќи по мислењето на многу луѓе, со своите спектакуларни планини, троско опкружување…
Сепак, верувале или не, овој дел од светот ќе стане уште поубав. Ако некогаш сте посакале да имате шанса да живеете во близина на познатите патеки низ прашумата на овој остров, неговите каскадни водопади и песочни плажи, тогаш еден од петте домови кои се градат како дел од „Beachfront Collection“ на Шеќерната плажа мора да биде ваш!
Да се нарече овој остров свој дом е остварување на соништата за многу од нас. Овие резиденции одат подалеку и од нашите најлуди соништа и само неколку луѓе можат да добијат шанса да живеат во опкружувањето на најпримамливите атракции на Карибите.
Во срцето на бујната вегетација, овие величенствени домови имаат „инфинити“ базени со поглед на плажа, што е само еден мал дел од нивниот шарм. Водениот тобоган поврзува базен со џакузи на долното ниво, додека шармантниот блакон, видиковец и просторот за сончање подготвено чекаат на вас и сончевите денови.
Овие имоти дефинитивно можеме да ги вброиме во некој вид на рај, а доаѓаат опремени со единствени италијански кујни правени по мерка со Gaggenau апарати. Иако готвeњето секако прво не би ви паднало на памет кога ќе ја разгледате нашата галерија, веруваме дека и во тие секојдневни задачи ќе пронајдете задоволство додека сте во оваа тропска градина.
Цената на една од овие вили ќе биде 8.25 милиони долари, а ако сè биде по планот, тие ќе бидат изградени и подготвени за вселување до крајот на годинава.