Најпопуларните трендови за уредување на ентериерот
Кога станува збор за дизајн на ентериер и уредување простор, на големите светски саеми забележани се одредени трендови кои ќе ја обележат оваа година. Посебен акцент е ставен на иновативното осветлување, ефектни дезени и бои, како и впечатливи парчиња мебел, односно трендови кои можат на едноставен начин во потполност да го трансформираат просторот.
Иновативно осветлување
Иако станува збор за елемент кој често доаѓа последен на ред кога се уредува ентериерот, денеска овие елементи се своевидни „statement“ парчиња, без разлика дали се работи за станбен или комерицијален простор. Денеска постои мноштво освежувачки и необични дизајни кои се соединение на врвната технологија и иновација. Едно светлечко тело може да има неколју различни верзии, но и бројни дополнителни функции.
Женствена естетика
Пожелно е да се видат парчиња на мебел кои кокетираат со женственоста. Тоа се многу елегантни заоблени линии, детали, текстури и нежни пастелни бои кои веднаш ќе ве потсетат на понежниот пол Добредојдени се кај секој вид на ентериер.
Материјалите се важни
Комбинирањето на различни материјали и дезен ќе доминира оваа година. Без разлика дали станува збор за подови, таван, ѕидови, важно е да се испреплетува целата сценографија. Она што секогаш игра учога во овој сегмент се плочките кои можат во таа изведба да станат неконвенцијален акцент кој на просторот ќе му даде одреден шарм и еклектика.
Плута
Плутата се враќа на голема врата: еколошки и еден од најпотценетите материјали, во 2017 ќе се употребува во комбонација со контрастни материјали како керамика, мермер или блескав месинг, за изработка на декоративни предмети, мебел, лампи, послужавници…
Милениумска розева
Овогодинешниот саем во Милано ја откри големата популарност на таканаречената „милениумска розева“ боја во областа на мебелот. Ова име се однесува на загаснатата нијанса на боја која се наоѓа помеѓу беж и розева.
Уметнички израз на ткаенина
Ткаенините се она што секој простор може во потполност да смени или нагласи одреден стил. Толку се практични, а всушност многу ефектни. Она што посебно се истакнува се теписите кои со своите мотиви изгледаат како сликарски платна и стануваат вистински мали уметнички дела кои можат во потполност да го трасформираат просторот.
Спој на технологија и дизајн
Од паметни телефони, до паметни куќи, денешниот живот е своевиден поглед во иднината. Оваа година, класичните начини на уредување на домот се заменети со нови кои се технолошки ориентирани. Мебелот еволуираше и технологијата е често вградена во него. А и кој би одолеал на куќните гаџети кои воедно можат да бидат декоративни, а притоа и паметни?
Модернизирани култни дизајнерски парчиња
Сè повеќе сме сведоци на модерни верзии на некои од култните дизајнерски парчиња на мебел. На овој тренд се продружија скоро сите дизајнерски куќи во смисла на освежување на продуктите или само некои елементи, без разлика дали се работи за промена на материјалот од кој биле направени или промена на боја и текстура. Во секој случај, тие модернизирани класичари секогаш се добредојдени како највпечатливо парче во просторот.