01
Jun

Рекордно поставување на темелна плоча за 24 часа

[stm_post_info]

Рекордно поставување на темелна плоча на Business Homes како последен од ElHomes-EcoHomes комлексот.

Почитувани клиенти, чест ни е да најавиме дека изутрина започнавме со поставување на темелна плоча на новиот станбено-деловен објект Business Homes и последен од комплексот ELHomes-EcoHomes, што Elena Luka Home го гради во населбата Аеродром.

Во самата темелна плоча на овој објект во Аеродром се вградени 2325 м³ водонепропусен бетон, МБ 30 и 195 тони бетонско железо-ребраста арматура RA 400/500 – 2.

Нашите работници вредно ќе работат во текот на цело деноноќие за да можеме плочата да ја поставиме за рекордно време од 24 часа со што завршно плочата ќе има горна финална обработка.

Во изградбата на овој објект учествуваат низа високостручни лица докажани во својата фела, секако под водство на Елена Пандева – генерален менаџер на Elena Luka Home, која е веќе докажана со претходните објекти како дама со исклучителна естетика и љубител на исклучително квалитетни материјали.

Станбено деловниот објект Business Homes кој се наоѓа на само 7 минути од плоштад Македонија, со препознатлив и обогатен индустриски дизајн типичен за најпознатите светски метрополи ќе биде вистинска сензација за граѓаните кои пред сè сакаат  квалитетно колкетивно домување и секако овојпат и убави и отворени простори за водење успешни бизниси.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]