Флора која го диктира дизајнот на ентериерот
Често се зборува за позитивните карактеристики и влијанија кои куќните растение ги имаат на здравјето на луѓето, но ние овојпат решивме да се позанимаваме со нивната естетскат вредност.
Како да одберете растение кое не се вклопува во Вашиот дизајн, туку доминира со него?
Наметливо и необично растение
Зависно од амбиентот во Вашиот дом, изберете растение кое ќе го оживее просторот. Нека биде наметливо, необично и диво. Нека биде неочекуван избор!
Изберете украсно дрво
Ако Вашиот простор е светол, изберете масивно растение, украсна грмушка или дрво. Декоративно решение е неизбежното бонсаи кое се сади во плитки садови со дупка на дното, а одговараат сите форми, од кружна, квадратна до форма на правоаголник.
Важно е садот да биде камен, а бојата ја избирате по желба и потреба! Смарагдно – зелената зеленика не е декорација само за вашата градина. Може да расте и во саксија. Украсете ја својата тераса или некоја од просториите, но внимавајте директно да не го изложувате на сонце.
Куќна љубичица
Дискретното уредување поддржува грандиозни билки, додека наспроти тоа, помалите простори, уредени во рустичен или традиционален стил со многу детали, најдобро се освежуваат со мали растенија, кои потсетуваат на полско цвеќе. Нежниот папрат или едноставната љубичица се одличен избор.
Ако за нив одберете земјен сад, ќе изгледаат посвежо и во вашиот дом ќе внесат природен амбиент.
Билки со месести листови
Можете да се одлучите за растенијаод семејството тустика, во кои спаѓаат оние растенија кои имаат подебели месести листови како алое или стебленца без листови со боцки, како што се кактусите.
Многу се декоративни, а идеални се за сите видови украсни садови за цвеќе, бидејќи не завземаат многу простор. Лесно е да се вклопат сите стилови на дизајн, од рустичен до модерен ентериер.
Филодендронот има предност во декорација на ентериерот
Филодендронот како растение има предност во декорација на ентериерот, заедно со фикусот. Дискретен, а истовремено богат со зелени листови претставува идеално решение за секој дом. Зависно од тоа дали сакате да се претопи во стилот на вашиот стан или да се истакне како детаљ, треба да изберете соодветна саксија.
Без разлика за кое растенија ќе се определите, нема да згрешите. Растенијата се најблиската врска на луѓето со природата.