14
Jun

Мал компактен стан, сон на секоја девојка

[stm_post_info]

Кога ќе стапнете во овој стан мора да сте подготвени да се заљубите во деликатните комбинации кои ги креирала неговата сопственичка. Прво што би забележале е белата и црната палета во комбинација со златни и розови акценти. Ова важи и за лампите со огледала, уметничките детаљи и антиквитети, како што е позлатениот телефон во спалната соба. Овие предмети го прават станот уникатен но, истовремени и го дефинират неговиот карактер.

Дневната соба е мала, како што можете и да очекувате од стан кој е голем само 40м2, но сепак деталите не недостигаат. Всушност, големите прозорци и белите ѕидови соработуваат заедно за да ја зголемат достапноста до природна светлина која на овој стан му овозможува поголемо чувство на пространост од она кое неговите димензии го дозволуваат.

Веројатно најголема важност сепак имаат деталите кои сопственичката успеала да ги внесе во ваков скромен простор. Белата софа совршено се вклопува со блескаво белите ѕидови и луксузен тепих на подот. Јасно е уште на прв поглед дека сопственичката не сакала да го затвори својот работен простор кој исто така завзема многу мал, но важен дел од дневната соба.

Оваа домашна канцеларија го содржи најголемиот дел од приборот за работа на било кој дизајнер. Сепак, истенченото чувство за внатрешна декорација создава прекрасен контраст помеѓу слики и материјали за цртање кои се сместени во овој простор, со вази за цвеќе на работната површина и столче кое се наоѓа во близина.

Овие материјали кои се искомбинирани со уметнички дела на ѕидовите, додаваат уште посилен уметнички впечаток на темата која ја отсликува оваа дневна соба. Во суштина, сè е многу едноставно бидејќи секој елемент во просторијата со своето однесување добива шанса да ја дефинира својата убавина. На пример, испакнатите делови на дрвениот под му даваат рустичен шарм кој совршено се вклопува со главната линија на дизајни кои сопственичката на станот го избрала.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]