Шик монохроматски стан во индустриски стил
Овој стан е креиран од Лаура Сепанен и доаѓа од скандинавскиот совршен монохроматски дизајн. Да го погледнеме одблиску овој минималистички стан со ограничена палета на топли бои.
Дневната соба содржи елементи на цигла, бели подови и ѕидови кои претставуваат многу интересна позадина акцентирана со многу удобен црн мебел и убава бетонска маса на која се додадени кожни фотелји. Ваквата употреба на материјали додава индустриски допир во просторот.
Во отворениот план на просторот сместена е трепезаријата каде сјајната маса од месинг додава малку боја во монохроматскиот простор. Во истиот амбиент со скромна квадратура се наоѓа преубав црно – бел клавир кој претставува совршена идеја за тоа како треба да се стилизира музички инстумент во склад со минималистички стил.
Главната спална соба претставува смирувачки простор и амбиент во кој шемата од црна и бела боја е акцентирана со сиви додатоци, сив акцент на ѕидот и ноќната масичка. Во спалната соба исто така се наоѓа комфорен кревет, црни завеси, убави индустриски подни лампи и многубројни апстрактни, ѕидни уметнички предмети. Во позадината може да видите голем дрвен плакат и отворен штендер за гардероба и за поголемиот дел од предметите кои се користат секој ден.
Кујната е потполно бела со дрвени подови, црн метален мебел и перфорирани полици. Црните пултови се креирани од метал и се многу издржливи, додека нивните позадини се креирани од бетон за да бидат практични и да се вклопат во целосната слика. Столчињата се високи, а покрај нив се наоѓа метална барска количка.
На крајот, погледнете ги фотографиите и ќе се уверите како сè што се наоѓа во станот е во совршена хармонија и изгледа смирувачки и шик.